Ако ја сакате похуваната храна, но онаа поздравата, тоест печената во рерна, тогаш запишете си го овој рецепт. Сите што го имаат пробано карфиолот на подготвен на овој начин – побарале рецепт! Моите деца го обожаваат…Еве што ви е потребно според рецептот на „Ари26“:
Потребни состојки: 1,5 кг цветчиња карфиол. Смеса за похување: 2 шолји брашно (шолја = 250 мл), 3 мали лажички сол, ¼ мала лажичка црн пипер (еден прстофат), 2 мали лажички црвен пипер во прав, 1 мала лажичка лук во прав, 1 лажица сув магдонос (може и свеж), 5 белки, 4 лажици вода, 3 шолји лебни трошки (презла). И уште: околу ¼ шолја масло или путер
ПОСТАПКА: Карфиолот измијте го и исечкајте го на цветчиња со величина по ваша желба. Пригответе 3 садови.
Во првиот сад ставете брашно помешано со сите наведени зачини. Во вториот сад изматете ги белките со вода (ви виљушка), а во третиот ставете ги лебните трошки.
Тепсијата обложете ја со хартија за печење и премачкајте ја со малку масло. Цветовите карфиол прво валајте ги во брашно, па во изматените белки и на крај во лебните трошки.
Редете ги во приготвената тепсија оставајќи малку простор помеѓу. Кога ќе го потрошите целиот карфиол, одозгора испрскајте го со малку масло и ставете мало парче путер врз секое поголемо парче.
Печете во загреана рерна на 210 степени околу 35 минути. После 35 минути свртете ги цветовите и печете уште 5 минути додека убаво да заруменат.
За посна варијанта: печете го карфиолот исечкан ситно, испрскајте со масло, наросете со сол и куркума, па печете 15-20 минути, па измешајте и допечете уште 5-10 минути.