Рецепт и видео прилог на Gala Food – пченкарни погачици без квасец. Се печат 15 до 20 минути, а чашата за мерење е од 150-200 мл, важно е да се користи иста чаша за мерење на сите намирници. Во мешавината од суви состојки се користи крупно мелен пченкарен гриз кој е одличен за дигестијата.
Потребни состојки: 2 чаши јогурт, 1 чаша масло, 1 лажичка сол, 1 белка од јајце, 2 чаши пченкарен гриз/брашно/ситна палента, 4-5 чаши бело брашно, 2 прашок за печиво, 1 жолчка за премачкување, сусам за наросување
Постапка: Најпрво измешајте ги влажните состојки: Во еден подлабок сад ставете 2 чаши јогурт и една чаша масло, па посолете со една лажичка и додадете една белка од јајце. Промешајте да се изедначи.
Во смесата додадете две чаши пченкарно брашно и 4 до 5 чаши бело брашно (прво ставете 4 чаши, па по потреба додадете уште една), две кесички прашок за печиво. Промешајте најпрво со лажица а потоа и со рака додека да добиете убаво ровко тесто (погледни видео). На страна, со виљушка издробете 60 г тврдо солено сирење.
Од тестото кинете парчиња и формирајте топчиња со големина на орев. Сплескувајте ги со дланката, па филувајте ги со малку сирење. Затворете ги убаво и формирајте ги погачиците. Редете ги во плех обложен со хартија за печење. Одозгора премачкјате ги со жолчка и наросете ги со сусам.
Печете ги во добро загреана рерна на 220 степени околу 15-20 минути или додека убаво да заруменат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: