Пченкарни мафини со јогурт и сирење…Се топат во уста…Многу вкусен брз појадок или вечера…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):

1 чаша течен јогурт
2 јајца
1/2 чаша кисела павлака
1/2 чаша масло 125 мл
1 чаша брашно
1 чаша палента или пченкарно брашно
1 прашок за печиво
мала лажичка сол
50 г ситно сирење
Чашата што ја користам како мерка е 250 мл
Печете ги мафините на 200⁰ околу 20 минути

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги јајцата со жица, па додајте јогурт, масло и на крај кисела павлака. Во течната смеса сипете ја палентата, брашното и прашокот за печиво, малку сол, па повторно промешајте.

2.Калапите за мафини намастете ги со масло и посипете ги со малку палента, а потоа полнете ги со тестото. Смесата е доволна за 12 мафини.

3.Одозгора посипете ги со ситно сирење и со уште малку палента. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.