Не фрлајте ги тенките свиленкасти влакна кои се сместени под листовите на пченката. Тие се природен диуретик и отстранувач на токсините од телото, број еден – пријател на бубрезите.
Исчистете го со нивна помош уринарниот тракт и ослободете со тегобите со мочниот меур.
Потребни состојки:
1 полна рака пченкарна свила правилно исушена
1 литар вода
Постапка:
Пченкарната свила распострете ја на памучна кујнска крпа и исушете ја на провев, а не на сонце.
Кога ќе излезе сета влага од свилата, складирајте ја во хартиена кесичка. Добра и лековита пченкарна свила е онаа зелената, а не онаа веќе нагниената и кафеава.
Подготвка на чај:
Една полна рака пченкарна свила ставете во чајник и прелијте со две шолји топла вода, не премногу врела. Оставете да отстои 10 минути, процедете и пијте. Може да додадете и малку лимон.
При изразени тегоби може да подготвите чај од 25 г пченкарна свила со 1 литар вода и да пиете наместо вода.
Пченкарната свила ги топи мастите, помага при болки во зглобови, отечени нозе, помага при ноќно мокрење. Може да се користи во диети бидејќи ги исфрла сите штетни материи од организмот. Пред употреба советувајте се со вашиот лекар.
Дваесет дена пиев вода од просо и бубрезите сега ми се кристално чисти