ПЧЕНКАРНА ПИТА СО ЗЕЛКА: Едноставно и вкусно јадење од „старо“ време, без квасец и сода, без месење…Пробајте едно вкусно јадење какво што правеле нашите баби. Евтино, едноставно, а многу здраво. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1/2 помала главица зелка, 3 мали главици кромид, сол, црн пипер во прав, 1 чаша палента, 3 чаши пченкарно брашно, 1 лажица сол, 2 лажици растопен путер, 450 мл врела вода, 3 јајца, 2 чаши кисело млеко/јогурт, 8-10-тина лажици растопен путер за одозгора, малку палента за посипување одозгора
ПОСТАПКА: Зелката ситно исечкајте ја. Кромидот пропржете го на малку масло, па додајте ја зелката и динстајте 5-10-тина минути со повремено промешување додека да омекне зеленчукот. Посолете и запиперете, па тргнете настрана да се олади.
Во оладениот зеленчук скршете 3 јајца, додајте го киселото млеко/јогурт и промешајте. Додајте 2-3 лажици растопен путер/маст/масло, посолете и запиперете
Во подлабок сад помешајте ги палентата и пченкарното брашно, па посолете. Постепено додајте 450 мл врела вода и растопен путер, па мешајте додека да добиете густа, хомогена каша.
Добро намастете тепсија (34 см) со путер, па излејте ја смесата со пченкарно брашно и рамнимерно распоредете. Обликувајте малку повисок обрач на краевите (како прстен), а средишниот дел да биде потенок.
За полесно обликување натопувајте ја лажицата во ладна вода и измазнете со задниот дел. Во средината (вдлабнатиот дел) распоредете го филот од зелка. целата пита одозгора посипете ја со растопен путер/маст.
Со лажицата направете засеци во „обрачот“, па наросете палента одозгора. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40 минути. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ФЕНОМЕНАЛНА „ПРОЈАРА“ СО ЈОГУРТ И ГАЗИРАНА ВОДА: Најдобриот рецепт за пченкарна погача“ – ОВДЕ.
ФЕНОМЕНАЛНА „ПРОЈАРА“ СО ЈОГУРТ И ГАЗИРАНА ВОДА: Најдобриот рецепт за пченкарна погача