Без разлика дали се направени со готови кори или домашно тесто, домашните пити ги сакаат сите. Филовите може да бидат слатки или солени, зависи што преферирате, а најпопуларни се сирењето и меленото месо. Комбинацијата на состојки за питата во продолжение е xит, а подготовката е едноставна.
Без разлика дали е слатка или солена, крцкавата пита дефинитивно ги освојува сите уште од првиот залак. Популарна е насекаде низ светот, а секој регион си има своја верзија. Наш предлог е да ја пробате вкусната пита од пченкарно брашно и сирење. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 500 г готови кори за пита, 500 г сирење по ваш избор, 1 јајце. ЗА ПРЕЛИВОТ: 4 јајца, 1 чаша јогурт, 1 чаша масло, 1 чаша пченкарно брашно.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА (ВТОР РЕЦЕПТ): 1 шолја (од 150 мл) брашно, 1 прстофат сол, ½ шолја вода. ЗА ФИЛ: 3 поголеми јајца, 1 шолја масло или растопен путер, 1 шолја јогурт или кисело млеко, 1 шолја обично млеко, 1 шолја палента, ½ шолја гриз, 300 г свежо сирење, 1-1,5 лажичка сол, 1 лажичка прашок за печиво.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Поделете ги корите на 4 еднакви делови, во секој дел треба да има по 4 кори, значи вкупно ќе ви бидат потребни 16 кори. ЗА ФИЛОТ И ПРЕЛИВОТ: Измешајте ги јајцата и сирењето во подлабок сад. Во друг сад измешајте ги четирите јајца во кои сте додале јогурт, масло и пченкарно брашно. Јајцата и јогуртот треба да бидат отстојани на собна температура.
Прво се редат по 4 кори кои се премачкуваат само со течниот фил, а на четвртата се распоредува и филот со сирење и јајца. Потоа ја повтортувате истата постапка уште 4 пати, значи секогаш на четвртата кора се распоредува од филот со сирење, а на секоја друга се става од преливот.
Се сече пред печење на коцки, се премачкува со преостанатиот прелив (секогаш останува), па се наросува со сусам и се пече во претходно загреана рерна на 200 степени. Фото и рецепт на Данијела Тодоров.
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Јајцата и останатите состојки кои се чуваат во фрижидер треба да бидат отстојани минимум 1 час на собна температура. Ставете ги јајцата во еден сад, додајте 1,5 лажичка сол и изматете ги пенасто со жица за матење. Се посолува во зависност од сирењето или по вкус.
Додајте 1 шолја растопен путер и 1 шолја јогурт, па промешајте да се изедначи. Во смесата додадете 300 г ситно сирење. Додадете една шолја палента и половина шолја гриз. Доколку немате палента, тогаш може да користите обично пченкарно брашно, но во тој случај количината на гризот зголемете ја за една шолја.
При крајот, додајте и една лажичка прашок за печиво и една шолја млеко, па убаво промешајте со жицата за матење за да се изедначи. Смесата оставете ја 10-тина минути да одмори за да набубри гризот и палентата. Во меѓувреме подгответе ја кората.
ЗА КОРА: Една шолја брашно, прстофат сол и приближно половина шолја вода измешајте и замесете тесто кое не се лепи. Обликувајте топче, завиткајте го во кеса и оставете го да одмори 10-15 минути. Тепсија со пречник 30-32 см премачкајте ја со путер или масло и тргнете ја настрана, а рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени.
Тестото со помош на оклагија развлечете го на набрашнета површина, да добиете кора која е малку поголема од тепсијата. Кората наросете ја со масло, полека подигнете ја и ставете ја преку тепсијата. Малку растегнете ја од страните, да биде подолга за 10 см од тепсијата. Во кората истурете го целиот фил за питата и убаво распоредете го.
Потоа преклопете ја питата со кората што виси од страните. Одозгора премачкајте ја со масло и ставете да се пече во загреаната рерна околу 15-20 минути. Печената пита додека е врела прелијте ја со малку растопен путер и течна павлака (10-тина лажици).
Поклопете ја со друга тепсија и оставете ја неколку минути да омекне. Ако ја сакате питата крцкава, тогаш овој чекоп прескокнете го. Деталите од целата постапка за вториот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.