Да ‘ртите можете сè – сите житарици семки, јаткасти плодови, мешунки… Постапката е иста, само се разликува должината односно времето на ‘ртење.

Веројатно некои од вас се прашуваат, зошто да ги ‘ртиме кога сите тие намирници се ионака здрави, нутритивно богати и вкусни. Одговорот е многу едноставен: затоа што со ‘ртењето стануваат уште поквалитетни, побогати и лековити.

ПОСТАПКА ЗА ‘РТЕЊЕ НА ПЧЕНИЦА

Потребни состојки:

-пченица
-една стаклена тегла
-една памучна газа
-едно гумено ластиче за теглата
-вода

Постапка:

Измиената пченица потопете ја во чиста млака вода во тегла и тоа два прста – пченица, три прсти – вода и оставете да отстои 12 часа. После ова време зрната процедете ги, а водата не ја фрлајте, туку испијте ја, бидејќи е полна со минерали и витамини. Теглата прекријте ја со газа и прицврстете со гумено ластиче.

Додека ‘ркулците да пораснат 1,5 до 2 см испирајте ги еднаш до двапати дневно со ладна вода. Мора да бидат секогаш влажни, но да не “пливаат” во вода затоа што ќе скапат. Зрната може да ги ‘ртите и во чинија наредени во еден слој, по истиот принцип.

Неколку часа пред употреба ‘ркулците ставете ги на сонце за да се формира хлорофил. Оние ‘ркулци кои нема да ги потрошите може да ги чувате во фрижидер затворени во пластичен сад. Потребно е да ги плакнете секој ден со ладна вода.

УПОТРЕБА

‘ркулците можете да ги јадете пресни или да ги додавате во салати, супи, кајгана, рижото, разни варива и сл.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА

Употребата на ‘ртени зрна во исхраната е еден од најстарите и докажани начини за подобрување на здравјето. Одамна луѓето ги користеле ‘ркулците од тиква, ленено семе, јачмен, пченка, хељда, соја, леќа… Но најчесто се користат ‘рени зрна од пченица.

Из’ртените пченични зрна содржат низа биолошки активни супстанции, витамини Е, Ц, група Б, јаглени хидрати, белковини, растителни влакна, минерали, особено фосфор, калиум, магнезиум.

Пченичните ‘ркулци се моќен биолошки стимуланс: Поседуваат антиоксидативни својства, го нормализираат метаболизмот, ја подобруваат крвта и метаболизмот. Во себе содржат есенцијални амино-киселини и зголемен број (за неколку пати) на сите витамини кои му се неопходни на нашиот организам.

Богата е со калиум со што ги зајакнува мускулите, особено срцевиот мускул. Хром и литиум се ретки минерали, а имаат позитивно дејство на нервниот систем и штитат од нервно “изгладнување” (стрес).

Богати се со влакна кои ги стимулираат цревата и го подобруваат варењето. Со редовна консумација може да се превенира појава на рак на дебело црево и ректум. Влакната во зрната помагаат во одржување на оптимална рамнотежа на цревната микрофлора и елиминација на токсините од организмот.

Продолжената употреба на ‘ртената пченица го подобрува видот и има позитивен ефект врз забите, косата, ноктите и кожата. Пченичните ‘ркулци им се препорачуваат и на оние кои се на диета и кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми.

ЕВЕ ГО ЗАКЛУЧОКОТ НА НАУЧНИЦИТЕ ЗА КОРИСНОСТА ОД ПЧЕНИЧНИТЕ ‘РКУЛЦИ:

-ги регулира, обновува и стабилизира виталните функции на телото на било која возраст;

-ги подмладува и стабилизира сите системи во организмот;

-елиминира различни неоплазми малигни и бенигни тумори, полипи, фиброиди;

-ја збогатува крвта со кислород;

-ги смирува воспалителните процеси во организмот;

-ги елиминира штетни материи, токсините и вишокот холестерол;

-го нормализира и стабилизира метаболизмот, ги чисти цревата и го јакне целиот кардиоваскуларен систем;

-помага за здраво слабеење: 3-4 лажици печнични ‘ркулци заменуваат еден обилен појадок.

Напомена: пченицата за да из’рти потребно е да биде органска и интегрална, да не е гмо. Кога ‘рти треба да има убав и свеж мирис на трева кој потсетува на квас, не смее да мириса на скапано и лошо.