ПАУН ГИБАНИЦА: Најубава е онаа наједноставната и најлесната за подготовка – рецепт за почетници…ќе уживате во секој залак. Послужете ја со чаша јогурт, ќе се уверите дека нема поубава од оваа гибаница. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови кори, 3 јајца, 300 г сирење, 1/2 кесичка прашок за печиво, 70-100 мл маслиново масло, 200 мл јогурт, 100 мл газирана вода, 3-4 грста ситно сирење. За прелив: 100 мл млеко, малку масло, 1 јајце
ПОСТАПКА: Изронете го сирењето, додајте јајца, јогурт, газирана вода, масло и прашок за печиво и сè измешајте. Калап 30×20 см , а може и поголема димензија, обложете со хартија за печење.
На дното раширете две кори и со масло премачкајте ги целосно, и страните од што висат над плехот. Тргнете две кори настрана за покривање на гибаницата. Секоја следна кора нежно потопете ја во филот и наредете ги во плехот една до друга.
Направете го истото и за вториот ред, а потоа сипете одозгора една рака ситно сирење. Потоа за третиот ред повторно потопувајте ги корите, па сирење…И така сè додека да го потрошите материјалот.
Вратете ги корите што висат надвор од плехот и покријте ги со оние две кори и убаво потпикнете ги внатре како да местите чаршав на кревет. Исечете ја на коцки.
Изматете го јајцето, додајте млеко и малку масло. Прелијте ја гибаницата и печете ја околу 45 минути во загреана рерна на 210 степени. Се сече додека е топла. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ГИБАНИЦА ОД 3 СОСТОЈКИ: Готова е за час, натопи, исцеди и нареди во плехот, вкусот ќе ве врати во детството“ – ОВДЕ.