Ќе ве воодушеви со мекиот и воздушест вкус, но и со неверојатно лесната подготовка. Рецептот е наменет за почетници, а откако ќе се совлада основната постапка, ќе можете да правите и други форми или да ја филувате со сирење или месо.
Потребни состојки: 300 мл млеко, 100 г путер, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 10 г сув квасец, 5 г или 1 лажичка прашок за печиво, 2 јајца, 2-3 лажици масло и околу 800 г меко брашно
Постапка: Одвојте ги јајцата. Во еден сад ставете 1 белка и 1 цело јајце, а во друг сад ставете 1 жолчка и 1 лажица млеко. Остатокот од млекото загрејте го, а путерот растопете го. Во млакото млеко ставете квасец и шеќер, па промешајте.
Додадете малку брашно (2 полни раце), па додадете го јајцето од првиот сад + 1 белка, растопениот путер, сол и прашок за печиво. Убаво промешајте со лажица. Потоа постепено, малку по малку додавајте го брашното, а на крај замесете го со рака. Треба да добиете меко и малку лепливо тесто (види видео).
Прелијте го со 1-2 лажици масло, превртете го, краевите уфрлете ги кон средината, повторно превртете го, прекријте го со крпа и оставете го на топло место да стасува околу еден час или подолго.
Стасаното тесто премесете го на работна површина со малку од преостанатото брашно, колку да не се лепи на површината. Обликувајте го тестото во топка, па притиснете го со дланките да се израмни.
Префрлете го во плех 28-30 см претходно намастен или обложен со хартија, па дополнително со рака обликувајте го тестото. Натопете ги прстите во преостанатото масло, па направете раб 1-2 см од ивицата на тестото, а потоа исто така, со врвовите од тестото направете триаголници.
Прекријте го со крпа и оставете 30 минути да отстои, па вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Кога ќе се загрее, изматете ја жолчката што остана на страна со една лажица млеко, па премачкјате ја целата погача. По желба наросете семки.
Печете околу 25 минути или малку помалку. Деталите од постапката погледнете ги во видеото:
Памук погача – втор рецепт. Постојат памук кифли, а постои и памук погача која е премногу мека и вкусна, како вистински памук.
Потребни состојки: 400 г лебно брашно, 600 г сенаменско брашно, 14 г сув квасец, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сол или по вкус, 125 мл масло + 1 лажица или две за премачкување на тестото, 2 јајца + 1 белка, 250 мл топла вода и 250 мл топло млеко. За премачкување на погачата: 1 жолчка и 1 лажица млеко
Постапка: Измешајте ги брашната, просејте ги и додадете сол, направете вдлабнатина во средина. Во еден сад измешајте вода и млеко, ставете малку да загрее, па одвојте помал дел во кој ќе го ставите квасецот и лажичка шеќер. Измешајте и оставете квасецот да се активира.
Во брашното додадете го преостанатото млеко и вода, масло, две јајца и 1 белка, надојдениот квасец, и сето тоа добро измесете го. Треба да добиете средно тврдо тесто, што значи ни меко ниту претврдо. Ако тестото ви е премеко, додете брашно по потреба. Тестото не смее да се лепи на раце.
Премачкајте го тестото и ванглата со масло, поклопете со проѕирна фолија. Оставете на топло место за да се удвои тестото. Нараснатото тесто истурете го на работна површина, поделете го на половина и повторно премесете.
Наросете малку брашно на работната површина и едното тесто развлечете го во круг, со дебелина околу половина центиметар, па расечете го прво хоризонтално, па вертикално, да добиете четири дела. Па секој дел уште на 4 дела, што значи, треба да добиете 16 триаголници.
Премачкајте го целото тесто пред сечење со малку масло и секој триаголник свиткајте го во кифличка.
Длабока тепсија или поголем калап за торта прекријте со хартија за печење и започнете со редење на кифличките од средина… во средината ставете една кифличка, па околу неа редете ги другите кифлички кои се нормално свиткани..истото направете го и со другата половина од тестото.
Кифлички редете секаде каде има место, покрај ѕидовите и празнини, во два реда. Покријте со проѕирна фолија и оставете на топло место околу 20 минути, тестото уште малку да порасне.
Изматете ја преостанатата жолчка со лажица млеко и премачкајте ги кифличките. Вклучете ја рерната на 175-185 степени да се загрее. Печете околу 45 минути. Во случај пребрзо да заруменува, покријте со хартија за печење.
Извадете ја погачата, премачкајте ја со коцка путер и оставете околу 5 минути во калап, па извадете ја, ставете ја на решетка, покријте прво со кујнска хартија па со кујнска крпа и оставете да излади на собна температура.
ПОЛНЕТА ПОГАЧА, подобра и помека дури и од пита со сирење. За да ја приготвите оваа пита ќе ви бидат потребни околу 600 г брашно , 30 г квасец, 250 мл топло млеко, 2 јајца, 50 мл масло, 1 лажица маргарин, 1 лажичка шеќер, малку сол.
За фил: 200 г сирење и едно јајце, а за премачкување ќе бидат потребни една жолчка, малку масло и семки за одозгора или семе по желба, крупна сол и слично.
Постапка: Растопете го квасецот во млако млеко, додадете шеќер, јајца, масло, брашно и сол, па замесете помеко тесто. оставете го да стасува, а потоа со оклагија развлечете тенка кора и премачкјате ја со маргарин. исечете ја на правоаголници.
Сирењето издробете го, додадете жолчка и изедначете. Со лажичка вадете од филот и ставајте на секој правоаголник. Виткајте и добро притиснете со прстите за да формирате ролнички. Тепсија или калап со димнзија 24 см добро намастете со масло.
Секоја ролничка косо исечете ја на половина и редете во тепсијата така што сечениот дел секогаш треба да биде нагоре кон ивицата на плехот. Се реди во круг, па следејќи го кругот кога ќе се пополни се реди и помеѓу, сè така додека да се исполни целата тепсија.
Прекријте ја со кеса погачата и оставете ја на топло да стасува додека да го зголеми волуменот, па премачкјате ја со силоконска четка со разматена жолчка и малку масло, а одозгора наросете ја со црно семе, сусам, семки, крупна морска сол или нешто по ваша желба.
Погачата ставете да се пече во добро загреана рерна на 200 степени околу 40 минути или печењето прилагодете го според вашата рерна. оставете да излади, а потоа уживајте во нејзиниот вкус. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.