Потребни состојки:
За тесто:
2 јајца
200 мл масло
300 мл млеко
1 лажица сув квасец
100 г шеќер
околу 700 г брашно
За фил:
џем од сливи
За сируп:
200 г шеќер
300 мл вода
За поросување на кифличките:
100 г кокос
Постапка:
Во 300 мл млако млеко ставете лажица сув квасец и 100 г шеќер. Оставете да се активира па додадете 2 јајца, 200 мл масло и со брашното се замесува тесто.
Се замесува добро па се остава да надојде. Кога ќе се удвои, поделете го на пет делови. Секој дел развлечете го во круг и исечете го на 8 тријаголници.
На секој тријаголник ставете лажичка џем и завиткајте во кифличка. Истото направете го со сите делови од тестото.
Кифличките оставете ги да нараснат 15 минути, па печете ги на 200 степени додека благо да заруменат.
Во меѓувреме сварете го сирупот.: Во еден сад ставете го шеќерот, прелијте со вода и гответе 4-5 минути откако ќе зоврие.
Печените кифлички додека се топли потопувајте ги во топлиот сируп (кифличките не треба да стојат во сирупот, туку само да се натопат од едната и другата страна), па поросете со кокосово брашно.
Совет:
Кифличките повеќе денови остануваат меки како памук.