Памук кифлите се секогаш добредојдени, особено кога ќе ни се најават гости. Многу се вкусни, меки и мирисни, а со спиралниот облик, мамат и со својот изглед. Не пропуштајте го рецептот на Ивана и направете ги овие јогуртни кифлички, ќе бидете воодушевени. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 20 г свеж квасец (1/2 коцка), 700 г брашно или по потреба, 200 мл вода, 200 мл јогурт, 100 мл масло за готвење, 1.5 мала лажичка сол, 2 мали лажички шеќер, 1 јајце, сусам, ким, сол за посипување, 1 јајце за премачкување, малку путер за премачкување на тепсијата




ПОСТАПКА: Во подлабок сад изронете половина коцка свеж квасец, додајте две мали лажички шеќер и залијте со 200 мл млака вода. Промешајте за да се растворат состојките, па додајте 200 мл течен јогурт кој претходно отстојал на собна температура (да не е многу ладен).




Додајте и 100 мл масло за готвење, како и едно јајце, кои исто така, отстојало на собна температура, па промешајте сето да се изедначи. Во мешавината од течни состојки додајте една чаша брашно и една ипол лажичка сол. Мешајте со лажица или кујнска шпатула додека да добиете густа смеса како за палачинки.




Потоа започнете постепено да го додавате остатокот од тестото, малку по малку, мешајќи повторно со лажица. Кога ќе се формира густо, компактно тесто, продолжете го месењето рачно. Ќе ви биде потребно приближно 700 г брашно. Треба да добиете средно, накај меко тесто. Покријте го со фолија и оставете го да ферментира 30-40 минути на топло место.




Потоа истресете го на малку набрашнета работна површина и поделете го на 16-18 парчиња (во зависност од тоа колку кифли сакате да добиете, помали или поголеми), а од секое обликувајте топче. Секое топче развлечете го со оклагија во овална тенка кора.




По целата должина засечете ја кората во ленти, но не преминувајте ги краевите на тестото (за празни кифли). Ако сакате да ги филувате, сечете само до половина, а на другата половина ставете го филот, па свиткајте ја кифлата која ќе добие изглед на спирала или гасеница.




Подготвените кифлички редете ги во намастена тепсија со путер/маргарин, на одредено растојание за да не се залепат, а по желба, можете да ги виткате и како полжав. Оставете ги во тепсијата за одморат 15-тина минути, а за тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 250 степени.




Пред да ги ставите кифлите на печење, премачкајте ги со изматено јајце, посипете ги со крупна сол, сусам, ким или семки по ваш избор. Печете ги 20-тина минути или додека убаво да заруменат. Деталите од целата постапка погледнете ја ОВДЕ.