Палачинки со мерки „сè по четири“ за почетници, нема да најдете поедноставен и попрецизен рецепт од овој.

„Ќе ми биде драго да им помогнам на младите домаќинки со овој рецепт во готвењето, особено во правењето палачинки“, рече Бојана во својата видеопрезентација. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 4 лажици шеќер, кесичка ванилин шеќер, 4 лажици масло, 400 мл млеко, 400 мл газирана вода, 400 г брашно тип 400 меко. И тоа е тоа: изматете, оставете го тестото да одмори 20 минути и печете.

ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете ги јајцата, додајте шеќер и ванила и кратко изматете ги со миксер.

Додајте масло, ладно млеко и газирана вода, па промешајте рачно за да се изедначат состојките. Добро изматете за да нема грутчиња од брашното, а тестото треба да биде мазно со конзистенција на јогурт.

Оставете го настрана да одмори 15-20 минути, а потоа можете да ги печете палачинките на вообичаен начин. Загрејте нелеплива тава на умерено-јака температура, разлејте рамномерно една кутлача или колку што е потребно.

Штом зарумени од едната страна, со помош на кујнска шпатула одделете ги краевите и превртете ја палачинката, па печете уште малку од од другата страна.

Печените палачинки редете ги една врз друга, а потоа филувајте ги со крем каков што сакате или со вашиот омилен џем. Видеопрезентацијата на Бојана можете да ја погледнете ОВДЕ.