Палачинки со 1 јајце за 5 минути…Многу вкусен десерт за секој ден…Сите потребни состојки веќе ги имате в кујна…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
175 г брашно
5 лажици цврст јогурт или кисела павлака
2 лажици шеќер
2 лажици масло
1 јајце
2 лажички прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
ПОСТАПКА:
1.Јајцето изматете го со шеќер и ванила, па додајте масло и јогурт и промешајте. Потоа постепено додајте го брашното помешано со прашок за печиво и измешајте да нема грутчиња.
2.Смесата сипете ја во готварска кеса и обликувајте мини палачинки врз умерено загреано нелепливо тавче, претходно малку намастено. Од смесата можете да црпите и со лажица.
Печете ги палачинките по неколку минути од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/__fqhZOUBrU?si=IjnP9jwGbDotdsoe