Многу вкусни и практични палачинки, ги имате во две варијанти: посна и мрсна.
Потребни состојки (за 4-6 лица):
1 кг компир
200 г брашно
200 мл млеко
100 мл газирана вода
2 јајца
250 г шунка
2 чешниња лукче
Сол
Магдонос
Масло за печење
1 лажица сув зачин
Постапка:
1.Компирот измупете го, изрендајте го и исцедете го.
2.Додадете брашно, млеко и шунка ситно исечкана на ленти.
3.Во смесата додадете разматени јајца, малку сол, црн пипер, сечкан магдонос, изгмечено лукче по вкус и сув зачин. На крај додадете газирана вода.
4.Во тавче за палачинки загрејте малку масло, па рамномерно во облик на палачинка распоредете од приготвената смеса. Палачинките печете ги од двете страни додека да добија златножолта боја.
Овие вкусни палачинки од компир можете да ги послужете со разни салати или зимно време со кисела зелка. Овие палачинки можете да ги полните со ситно сечкано месо.
На почетокот тестото печете го на пониска температура, па по потреба засилете ја.
ПОСНИ ПАЛАЧИНКИ ОД КОМПИР
Потребни состојки:
500 г компир
1 главица кромид
1 чешне лук или повеќе, по вкус
60 г пченичен гриз
Сол, нешто зелено (магдонос, перца од кромид…), зачин по вкус
Масло за пржење
Деталите погледнете ги во видеото: