Потребни состојки:
15-20 палачинки
За фил:
4 јајца
60 г брашно
100 г шеќер
Ставете ги во подлабок сад и измешајте со жица за матење да се соедини во еднолична смеса.
500 мл млеко
2 стапчиња ванила
Ставете го млекото на оган да зоврие со изгребаната содржина од ванила стапчињата. Додадете во смесата со јајца, промешајте и ставете на оган со постојано матење додека да згусне.
Со кремот мачкајте ги палачинките и редете ги една врз друга. Премачкајте ја целата торта од палачинки со кремот и одозгора наросете со кафеав шеќер и стопете го со бренер или кратко потпечете во рерна со пуштен горен греач за да се карамелизира шеќерот.