Иако, ова лето се соочивме со екстремно топли температури, сепак очигледно е дека тие ќе продолжат и во текот на септември, со мал пад на истите и малку разладување. Има многу совети како да се издржат тропските температури што е можно полесно:

Како на прво место, многу е важна храната што треба да ја јадеме, односно таа да биде претежно лесна и сирова, до типот на гардеробата која е најсоодветна за да може кожата да „дише“.




Сите знаеме дека е добро да внесуваме што е можно повеќе течности во летниот период, а особено вода. Сепак, често забораваме една работа. Кога температурите надвор се над 30 степени и поради високата влажност имаме чувство како да ќе се стопиме од жештината, обично посегнуваме по чаша студена вода.




Меѓутоа, за да се разладиме, водата мора да биде млака, односно да биде отстоена на собна температура. Експертите предупредуваат дека студената вода всушност ја забавува хидратацијата на телото, и дека најдобро е да пиете вода или пијалаци на собна температура, бидејќи телото ги апсорбира побрзо.




Исто така, важно е да не пиете ладни пијалаци веднаш по оброкот, бидејќи постои можност да настинете дури и кога надвор е топло. Кога ќе почнете да кон-сумирате вода на собна температура, ќе забележите дека варењето функционира подобро.




Најдобро е да испиете 1 – 2 чаши вода половина час пред оброкот, а после јадење да не пиете вода минимум 1 – 2 часа. Експертите предлагаат шолја топол чај да се пие за време на топлите денови, бидејќи на тој начин ќе го забрзате потењето и со тоа ќе се разладите побрзо.




Веројатно за време на топлото време, барем еднаш во животот ви се случило одеднаш да омалаксате, да почувствувате вртоглавица, г адење и да добиете заматен вид. Во најлошото сценарио, може да ја изгyбите cвеcта. Причината за оваа состојба може да биде п ад на кр вниот притисок, што е вообичаено кога температурите се високи.




Причините можат да бидат недоволен внес на вода, премногу силна терапија за намалување на кр вниот притисок, но и некои хронични заболувања. Искуството не е пријатно, а лекарите советуваат како да се реши овој проблем во домашни услови.




Лек: Земете чаша обична вода во која сте измешале една лажичка сол. Легнете и кренете ги нозете на неколку перници, така што кр вта да тече во вашиот мозок колку што е можно повеќе.




По кратко време, измијте се со ладна вода и испијте го напитокот од вода и сол. Со примена на овие методи, притисокот треба да се нормализира во рок од 20 минути. Ако по овој период, притисокот ви е се уште низок, консултирајте се со вашиот лекар.




Нормалната вредност на кр вниот притисок, според Светската здравствена организација, е 120/80 mmHg за луѓе постари од 18 години. Неговата вредност е под влијание на голем број фактори како возраст, наследни фактори, исхрана, физичка активност, пропишаната терапија.




Намалениот кр вен притисок, или хипотензија, е ако вредноста на кр вниот притисок е помала од 90/60 mmHg. Истражувањата покажуваат дека жените на возраст меѓу 30 и 40 години стра даат повеќе од оваа состојба отколку мажите.