ОВОЈ РЕЦЕПТ СИТЕ САКААТ ДА СИ ГО ЗАПИШАТ: Брз и евтин шербетен колач со крем ЕТИМЕК, од едноставни состојки…Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
12-18 парчиња тост (несолен) леб/двопек
За карамелизираниот шербет:
1,5 чаши шеќер
2 чаши вода
За пудинг-крем:
1 литар млеко
5 лажици шеќер
6 лажици брашно (да не се преполни)
2 лажици пченичен скроб
1 лажица путер
1 кесичка ванилин шербет
За крем:
1 кесичка шлаг-крем
1 чаша млеко
За декорација:
крупно мелени ореви
кокос
ПОСТАПКА:
1.За шербет: во соодветно тенџере ставете шеќер и растопете го на умерена температура со мешање.
2.Кога ќе се растопи и карамелизира, додајте вода и мешајте за да се раствори, па тргнете го од шпоретот и оставете да се подизлади.
3.На дното од соодветен калап во кој што ќе го приготвувате колачот наредете го двопекот и залијте го со приготвениот (оладен/млак) карамелизиран шербет.
4.За пудинг: во соодветно тенџере измешајте ги млекото, брашното, скробот и шеќерот. Ставете на шпорет и гответе со постојано мешање.
Кога ќе зоврие и згусне, тргнете го од шпорет, додајте путер и ванила и измешајте.
5.Пудингот распоредете го врз двопекот кој го впива шербетот. Кога ќе достигне собна температура ставете го во фрижидер.
6.За крем: се подготвува со матење шлаг и млеко (според упатството на кесичката).
Врз изладениот пудинг распоредете го шлагот и израмнете. Одозгора посипете кокос, ф’стаци, ореви итн. Постапката погледнете ја ОВДЕ.