Овој колач го печам секое утро за појадок. Цело семејство јадеме од него и цел ден сме сити и полни со енергија…Многу здрав за целото тело…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1.5 чаша овесни снегулки (150 г)
1чаша млеко (200 мл)
2 јаболка + 0.5 лажичка цимет
2 јајца
2 лажици сируп засладувач по желба (може мед или шеќер кој сака)
1 прстофат сол
2 лажици оризово брашно (може гриз/мелени бадеми или сл.)
1 лажичка прашок за печиво
2 лажици масло (30 мл)
1/2 чаша ореви (50 г)

ПОСТАПКА:

1.Овесот потопете го со топло млеко и оставете го 10 минути да набабри. Јаболката изрендајте ги и посипете ги со цимет. Додајте јајца, засладувач и прстофат сол. Промешајте.

2.Додајте ги овесните снегулки со млекото, овесно брашно, прашок за печиво и масло, па сето убаво промешајте го и сипете го во калап (со средна големина) обложен со хартија за печење.

3.Одозгора сипете сечкани ореви и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 40-45 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.