До витка линија можете да стасате и со јаболка, круши, киви… или друго ваше омилено овошје.
Диетите за брзо слабеење во кои се консумира претежно овошје, богати се со јаглени хидрати. Затоа, со ваквите диети имате секогаш енергија и не чувствувате слабост.
Конкретно, овој диетален план за исхрана за пет дена ветува брз и ненадеен губиток од пет килограми.
ПРАВИЛА НА ОВОШНАТА ДИЕТА
-мора секој ден да пиете најмалку 2 литри млака течност;
-дозволени напитоци: негазирана минерална вода, црн или зелен чај, како и билни чаеви за слабеење;
-забранети се: леб, слатки, сокови (купечки), суво овошје, грозје, банани и кајсии.
ПРИМЕР МЕНИ ОД ЕДЕН ДЕН
Во 8 часот појадок: две варени јајца
Во 10:30 часот ужина: јаболко+круша+киви+слива
Во 13:00 часот ручек: 200 г риба варена или на скара со многу малку маслиново масло
Во 15:30 часот ужина: 2 јаболка+цитрон+киви
Во 18:00 часот вечера: 200 г пилешко бело месо
Во 20:30 часот часот, последна вечера: 1-2 портокали+јаболко+цитрон
Диетата трае 5 дена според дадениот пример, а намирниците можете и сами да ги комбинирате. Придржувајте се до количините, растојанието помеѓу оброците како и калориската вредност на оброците.
Пред започнување на било која диета најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.