Овошјето содржи антиоксиданти кои можат да го намалат ризикот од хронични заболувања. Плодовите од различно овошје се разликува според количината на одредени витамини, но овие плодови, поради својот уникатен состав, уште многу одамна се користеле како лек за третирање на различни состојби.

Можеби на сите ви е познато дека сливата е најстариот народен лек за регулирање на дигестијата на храната и помошно средство за празнење на цревата, но веројатно малку помалку ви е познато дека има способност и да го чисти и црниот дроб.

Пробајте го овој стар народен рецепт за деток.сикација на црниот дроб и кр-вта. Потребни ви се 8 до 22 свежи сливи.

РЕЦЕПТ: Наберете свежи, зрели, непрскани сливи. Доколку сте ги купиле и веројатноста дека биле прскани е голема, тогаш оставете ги еден час во раствор со сода бикарбона, па дури потоа убаво истријте ги и измијте ги под млаз ладна вода.

Потоа сливите исечете ги на половина или едноставно отворете ги со прстите, извадете ја семката, а потоа повторно прелијте ги со ладна вода. Садот поклопете го со капак, тацна или газа и вака оставете го до следното утро (да преноќат).

Следниот ден процедете ја водата (првата вода не е потребна, на овој начин се испираат некои состојки кои не ви се потребни во третирањето на овој проблем). Повторно прелијте ги со вода, но овојпат само колку да бидат прекриени.

Ставете ги на оган, а откако ќе зоврие водата, веднаш намалете ја температурата на најтивко. Вака, на тивко, сливите треба да се варат 2-3 часа, а за тоа време потребно е 2-3 пати да им се промени водата.

Значи, на секој еден час истурете ја старата вода во која се вареле, па долејте нова, колку да се прекријат. Кога ќе заврши варењето, сливите е потребно да ги изедете топли, со малку вода, сите одеднаш, исклучиво на празен стомак.

Затоа, оваа постапка е најдобро да се прави наутро, а додека да се сварат сливите, во меѓувреме пијте вода или чаеви. Сите видови на сливи, а ги има преку 20, се лековити, но за оваа намена како најдобри се покажале црвените сливи. Сепак, доколку не можете да најдете црвени сливи, можете да користите какви имате.

Оваа постапка е потребно да се применува во текот на цела една недела непрекинато, секој ден, а доколку станува збор за некое потешко заболување на црниот дроб, тогаш јадете ги две недели или повеќе ако е потребно.

Исхрана за чистење на црниот дроб

За да се подобри функционирањето и да се исчисти црниот дроб, исхраната треба да се збогати со горчливи диви лековити билки, како што е на пример, глуварчето. Препорачани намирници во ваквата исхрана се морковите, целерот, рузмаринот и цвеклото, а од зачините треба да се користат што повеќе: куркумата, кимот и карито.

Во текот на петте дена колку што би требало да трае ре-стриктивната исхрана, треба да избегнувате млеко, кафе и газирани пијалаци, да пиете само чиста вода и сок од јаболко без додавање на шеќер и конзерванси.

pexels.com