Колачот многу брзо и едноставно се приготвува, а многу е вкусен и освежителен. Може да користите какво овошје имате, односно по вкус.
Потребни состојки: 1 јајце, 100 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 80 мл масло, 200 мл млеко, 250 г брашно, 1 прашок за печиво, 1 прстофат сол, 250 г рибизли, боровинки, малини… шеќер во прав
Постапка: Во подлабок сад ставете едно јајце со 100 г шеќер и 1 ванилин шеќер, па убаво изматете со миксер додека да побели. Потоа додека сè уште миксате додадете го маслото, па млекото и на крај брашното, прстофат сол и прашок за печиво.
Изматете убаво додека да се соединат состојките, па половина од смесата излејте ја во долгнавест калап за леб , претходно намастен и набрашнет. Одозгора рамномерно распоредете овошје по желба.
Преку него излејте го остатокот од смесата и израмнете. Повторно одозгора распоредете овошје и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 45 минути.
Печениот ролат оставете го малку да подизлади, па наросете го со шеќер во прав и сечете го на парчиња. Деталите можете да ги погледнете во видеото: