Овошен колач со прекрасен вкус…Фантазија, освојува со првиот залак…Проверено е најдобриот бисквит за овошни колачи…

Овошен колач со малини, капини, јагоди и аронија е многу вкусен и многу сочен пандишпан. Можете да го додадете секое овошје што го сакате.

Мерката е шолја за црно кафе, онаа мала од 100 мл. Можете да користите и поголема. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ( се мери со иста шолја од 100 мл или поголема):

3 јајца
5 шолји шеќер
4 шолји млеко
2 шолји масло
9 шолји брашно T400 меко
1 прашок за печиво
400 г овошје (малини, капини, јагоди, аронија) или нешто друго
шеќер во прав за посипување
1 лажица гриз за посипување на овошјето

Се пече на 200С во загреана рерна 35-40 минути во зависност од рерната. Се користи калап 21×36 см.

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата со постепено додавање на шеќерот додека тој да се растопи и смесата да згусне. Потоа додајте го млекото и маслото, па брашното помешано со прашокот за печиво.

2.Додека матите со миксерот постепено додавајте го брашното. Смесата излејте ја во намастен и набрашнет калап 21х36 см.

3.Овошјето посипете го со гриз, па распоредете врз колачот и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 35-40 минути.

4.Оладениот колач посипете го со шеќер во прав и послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.