ОВОШЕН КОЛАЧ СО ПРАСКИ…Кремаст, вкусен и многу едноставен за правење…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
ЗА БИСКВИТ:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
1 прашок за печиво
ЗА КРЕМ:
1 литар млеко
3 пудинзи од ванила (3х40 г)
10 лажици шеќер
3 кисели павлаки (3х180 г)
И уште:
компот од праска или кајсија
200 мл слатка павлака (за шлаг)
ПОСТАПКА:
1.За бисквитот изматете ги прво пенасто јајцата со шеќерот додека да згуснат, па додајте брашно измешано со прашок за пециво и изедначете.
Смесата сипете ја во калап со средна големина, обложен со хартија за печење и ставете да се пече на во претходно загреана рерна на 180 степени 15-тина минути.
Врелиот бисквит прелијте го со сок од компотот и врз него ставете праски (половини или четвртини).
За кремот сварете го пудингот со 10 лажици шеќер според упатството на кесичката. Во топлиот пудинг додајте уште 3 кисели павлаки, убаво измешајте и веднаш прелијте ги со бисквитите.
Кога ќе се излади премачкајте со 200 мл изматена слатка павлака. Колачот послужете го добро изладен. Постапката погледнете ја ОВДЕ.