Овошен колач од тиква (или јаболка)…Едноставен и вкусен за секој ден…
Ако барате едноставен, но вкусен колач што можете да го подготвувате секој ден, овој колач со овошје од тиква е вистинскиот избор!
Меката кора во комбинација со богатиот фил од тиква, зачините и џемот од сливи ќе создаде совршен спој на вкусови што ќе ги воодушеви вашето семејство и гостите.
Подготовката е брза, а резултатот е фантастичен! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
800 г рендана тиква (или јаболка)
2 лажици шеќер
1 лажица цимет
2 лажици мелени ореви
1 лажица џем од сливи
Кора/бисквит:
4 јајца
170 г шеќер
100 мл течен јогурт (или млеко)
200 г брашно Т400
10 г прашок за печиво
шеќер во прав за посипување
ПОСТАПКА:
Во изренданата тиква помешајте шеќер, цимет, мелени ореви и џем и смесата сипете ја во плех од рерна обложен со хартија за печење.
Јајцата печансто изматете ги со шеќерот додека да згуснат, па додајте јогурт и на крај просеано брашно помешано со прашок за печиво. Изматете со миксер додека да се изедначи.
Смесата сипете ја врз тиквата и ставете да се пече 25 минути во загреана рерна на 180-200 степени. Печениот колач оставете да се олади, па превртете го врз тацна посипана со шеќер во прав, а потоа отстранете ја хартијата.
Колачот исечете го на 4 ленти за 2 торти. Ставете ги една врз друга по две и одозгора посипете шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ: