ОВОШЕН ДЕСЕРТ ЗА 10 МИНУТИ…Вкусен и освежителен..само 4 состојки…Можете да го направите со јагоди кога е сезоната, но и со друго овошје кое е по ваш вкус. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 кесички желатин (растворени според упатството) или желе бонбони
1/2 литар ладна слатка павлака
1 конзерва кондензирано млеко
250 грама јагоди или овошје по желба

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад сипете ладна слатка павлака или крем по ваш избор, додајте кондензирано млеко и промешајте со лажица да се изедначи.

Брз рецепт за домашно кондензирано млеко прочитајте ТУКА.

2.Додајте ги сечканите јагоди, промешајте и оставете 10 минути да одмори смесата во фрижидер за да се ослободи аромата од јагодите.

3.На крај додајте ситно сечкани коцки желатин, а можете да користете и сечкани желе бонбони. Промешајте и складирајте ја смесата во десертни чаши.

4.Декорирајте со овошје или по желба. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/pR4LJCsgcsM?si=c1mDBt80K2RWDZLF