За омилен зеленчук во светот се смета компирот, особено додека е млад. Компирот е едногодишно, зелјесто растение присутно во сите краеви, а потекнува од Перу. Во Европа пристигнал преку шпански морнари пред 4 века.
Се подготвува пржен, варен или печен, како прилог или дел од салата, но секако најздрава е варената варијанта. Лушпата е исто така јадлива, но само доколку претходно добро се измие. Ако некогаш сте се запрашале зошто младите компири се толку вкусни, еве го одговорот – нивниот шеќер сè уште не станал целосен скроб.
Она што ги прави неодоливи е нивниот вкус, како и тенката и крцкава кора. Овој вкусен зеленчук може да се најде во сезоната од април до јули, но се продава преку цела година кај нас. При избор на млади компири, најдобро е да земете цврсти и не оште-тени.
Исто така, компирот што не е измиен може да стои подолго без да се расипе. Не треба да ги лупите, но ако навистина сакате, можете да го направите тоа бришејќи ги со грубата страна на сунѓер или жица за миење садови.
Компирот е исклучително лесен за одгледување, дури и на неплодна и сува почва, а зеленчукот може да се јаде во текот на целата година и да се подготвува на различни начини. Богат е со јаглехидрати и скроб, погоден е за деца и за оние кои не сакаат житни култури, бидејќи 100 г компир заменува 40 г леб.
Покрај тоа, содржи витамини Ц и Б групи, железо, калиум, магнезиум, манган, но вредните состојки главно се концентрирани во кората и веднаш под неа, затоа се препорачува да не се лупи. Витаминот Ц претежно се губи за време на готвење или печење, а делумно можете да го спречите тоа ако не го излупите.
Свежиот компир лечи главоболка и поттикнува заздравување на ра-ните, а сокот од компир се користи за обновување на слузницата на желудникот. Младите компири не мора да се готват, печат или пржат долго време како старите, тие брзо се подготвуваат, одат добро со ароматични зачини, лесно се варат и можат да бидат главно јадење или прилог.
За здравје на срцето: Компирот е богат со растителни влакна, калиум, витамин Ц и витамин Б6, главни витамини неопходни за одржување на срцево здравје. Компирите содржат значителни количини на растителни влакна кои помагаат да се намали вкупната количина на лошиот холестерол во кр-вта, а со тоа се намалува и ризикот од срцеви заболувања.
Помага при воспаление: Холинот е основна хранлива материја што може да се најде во компирот, помага при полесно заспивање, придвижување на вкочанетите мускули, учење и подобро помнење. Покрај тоа, помага во одржување на структурата на клеточната мембрана, помага во пренесување на нервните импулси и помага при апсорпција на маснотии, но исто така го намалува и хроничното воспаление.
За подобро варење на храната: Поради високата содржина на растителни влакна, компирот помага при запек и помага при одржување на редовна столица, за здрав дигестивен тракт.
Го подобрува изгледот на кожата: Витаминот Ц и комплексот на витамин Б, како и минерали како калиум, магнезиум, фосфор и цинк, се одлични за кожата. Покрај тоа, лушпата од суровиот компир, измешана со мед, може да помогне за одржување на здравиот тен на кожата.
Компирот помага во лекување на мозолчињата и дамките на лицето. Исто така, ако оваа лушпа се нанесува на изго-реници, може да обезбеди брзо олеснување и побрзо заздравување.
За висок кр-вен притисок: За среќа, компирот може да помогне во многу потенцијални причини, како што е напнатоста. Може да помогне и при варење, бидејќи содржи многу витамин Ц и растителни влакна, но треба да се избегнува ако високиот кр-вен притисок е резултат на дијабетес.
Влакната помагаат во намалување на ЛДЛ холестеролот и го подобруваат функционирањето на инсулин во кр-вта, што потоа го намалува високиот кр-вен притисок. Ова се должи на директната врска помеѓу кр-вниот притисок и нивото на гликоза во кр-вта.
За здравје на коските: Железото, фосфорот, калциумот, магнезиумот и цинкот во компирот придонесуваат за градење и одржување на структурата и јачината на коските. Железото и цинкот играат клучна улога во формирањето и созревањето на колагенот.
Иако и фосфорот и калциумот се многу важни за структурата на коските, вистинската рамнотежа на овие два минерали е важна, поради правилната минерализација на коските. Недостатокот на фосфор и калциум може да ги направи коските слаби.
Диететските влакна често се сметаат за важен фактор за одржување и губење на тежината. Овие состојки ја зголемуваат ситоста и го намалуваат апетитот, правејќи го лицето да се чувствува сито подолго време и со тоа да го намали понатамошниот внес на калории во текот на денот.
Други придобивки и предупредувања: Сокот од компир може да биде одличен лек за модринки, изгореници, чиреви. Од друга страна, треба да се биде внимателен кога се јаде компир, бидејќи зелениот компир е често отро-вен, како и лисјата од компир, бидејќи содржат алкалоиди како што се соланин и арсен. Исто така, ако имате намера да изгубите на тежина, избегнувајте компири пржени на масло, но може да ги јадете варени.
Сепак, не мора да се грижите, овие фактори на ризик влијаат само на мал број на оние кои јадат компири. Ако сте здрави, не мора да се грижите дали ќе внесете уште неколку калории, а понекогаш може да се почестите со помфрит. Инаку, искористете ги сите лековити својства што ви ги дава овој прекрасен зеленчук.