Шишенце со маслото од оваа зачинска билка која има бројни лековити својства, е пронајдено во гро-бницата на Тутанкамон и се споменува во Библијата.
Според пронајдените записи, кимот често се користел во старата египетска медицина. Фараоните го користеле како зачин за јадењата, но и како лек за третирање на многу болести – од воспалителни состојби до депре-сија. Источните народи сметаат дека црниот ким лекува буквално сè освен с-мрт-та, а Библијата го споменува како составен дел од лебот што помага кај подуеност, жолтица и белодробни заболувања.
Богатство од корисни масни киселини и витамини
Кимот расте во источните и топли земји (Египет, Сирија, Индија). Без разлика дали станува збор за црниот или оној малку посветлиот, со кафеава боја, станува збор за растение кое покрај своите зачински својства има и бројни лековити дејства кои се корисни за здравјето, но не треба да се меша со куминот.
Кимот содржи есенцијални масла, витамин Ц и неколку видови масни киселини. Маслото од црн ким е богато со омега-3, омега-6 и омега-9 масни киселини и се препорачува за широка употреба, бидејќи некои од најчестите болести на денешницата се предизвикани токму од недостатокот на овие киселини во исхраната.
Кимот, исто така, содржи голема количина на минерали (бакар, цинк, калциум, калиум, манган, магнезиум, селен, железо) и други витамини покрај витаминот Ц (витамин А, Е, витамини од Б-комплекс, тиамин, пиридоксин, рибофлавин, ниацин).
МАСЛО ОД ЦРН КИМ
Маслото од црн ким содржи над 100 терапевски активни компоненти, а се користи од дамнешни времиња во медицински намени и како додаток во исхраната.
Денеска модерната наука се повеќе го користи ова масло како алтернатива на синтетичките лекови кои често имаат многу негативни ефекти. Тимокинонот од црниот ким се користи во истражувања, бидејќи е утврдено дека го запира растот на туморните клетки кај некои видови рак, особено кај малигните видови кои се шират со помош на туморска ангиогенеза и имаат тенденција на метастазирање.
Маслото од црн ким: го спречува процесот на размножување на малигни клетки за 50%; ги намалува несаканите ефекти од хемотерапијата; отстранува наталожени ток-сини во организмот и е добар детоксификатор; безбедна и ефективна алтернатива при третман на висок шеќер; ја подобрува циркулацијата и го регулира притисокот; ги одржува бубрезите активни.
Истражувањата покажале дека повеќето заболувања настануваат поради дисбаланс во имунолошкиот систем, а компонентите содржани во црниот ким како што се нигелонот и тимоквинонот, помагаат бо борбата против болестите со нивната способност за зголемување на антителата (клетките за имунитет) во организмот.
Во минатото се правени големи истражувања за црниот ким и неговите својства да се бори против ракот, па така, било откриено дека црниот ким може да се користи за лекување на бројни состојби, без притоа да се предизвикаат негативни последици по организмот.
Лекарите од Минхен се обиделе со црн ким да ги лекуваат своите пациенти заболени од астма и алергии на прашина, а успеале да постигнат успех кај 70% од болните. Маслото од црн ким може да се користи во лекување на б олки во увото, проблеми со дишењето и намалување на кр-вниот притисок.
Надворешно, мелено семе од ким помешано со брашно може да се користи како облога за главоболки или некои кожни инфекции.
Мешавина од семиња и кисели јаболчиња – неверојатен лек за многу болести
Овој народен лек и додаток на исхраната е осмислен и испробан како комбинација од најдобрите ориентални состојки помешани со традиционалниот џем од кисели јаболчиња кој се прави во нашите краишта.
Можете да го користите за јакнење на кр-вта и имунитетот а со негова консумација ќе го надополните недостигот од минерали и витамини во организмот на целосно природен и здрав начин.
Потребни состојки: 1 кг џем од кисели јаболчиња, 200 г црно семе (црн ким, Nigella sativa), 200 г ленено семе, 200 г сусам, 50 г куркума
Постапка: во електрична мелница за кафе или блендер смелете ги семињата. Вака добиената мешавина соединете ја со џемот и куркумата. Смесата мешајте ја доволно долго додека состојките убаво и рамномерно да се распоредат. Оставете да отстои неколку дена (1-2 дена), и лекот е подготвен за употреба.
Употреба: по една до две супени лажици секојдневно, пред појадок. Смесата е осмислена за јакнење и чистење на организмот и кр-вта и третирање на бројни медицински состојби на природен начин.
Можете да ја користите и за проблеми со црниот дроб, негово чистење и регенерација, за јакнење на имунитетот, за подобрување на кр-вната слика и проблеми со анемија, за подобрување на дигестијата, опстипација, како и за регулирање на холестеролот и триглицеридите.
Џемот од јаболка е познат како природно средство за подобрување на работата на цревата, кр-вта и зголемување на железото кај луѓе со анемија. Јаболковиот џем помага при регулација на шеќерот во кр-вта и работата на штитната жлезда.
Мешавината од семки позитивно влијае врз чистење на цревата и црниот дроб. Семињата се преполни со минерали кои ќе го зајакнат вашиот имунолошки систем, а корисните масни киселини ќе го регулираат нивото на холестерол и триглицериди.
Смесата е преполна со: калциум, железо, бакар, протеини и мононезаситени масти од сусамот, витамини, особено Б комплекс, па магнезиум, калциум, железо и бакар од црното семе како и омега 3 масни киселини од лененото семе.
Куркумата е најпознатиот индиски зачин и природен лек кој се користел низ историјата. Тоа е златно-жолт прав кој се добива од корен, кој му ја дава жолтата боја на прочуениот зачин-карито. Најзначајните ефекти од куркумата се неговите антивоспалително и антиканцерогено дејство.