Повкусно не сум јадела во последно време!
Мерките се за шолја од 250 мл.
Потребни состојки:
½ пакување кори за гибаница
1 шолја палента
½ шолја пченично брашно
½ шолја јогурт
½ шолја масло
3 јајца
110 мл кисела вода
1 прашок за печиво
250 г сирење
2 полни лажици пинџур
1 лажичка ситна морска сол
Постапка:
Измешајте ги двете брашна со прашокот за печиво (мекото брашно претходно просејте го), додадете изматени јајца, јогурт, масло, кисела вода, пинџур, сол, па сите состојки промешајте ги измиксајте ги. На крај додадете крупни парчиња сирење и промешајте.
Во плех со величина 22х33 см (или тркалезна тепсија) обложен со хартија за печење ставете ја првата кора (корите исечете ги според величината на калапот).
Прелијте со смесата за проја и повторувајте ја постапката се додека има состојки. Завршете со смеса. Исечете на парчиња и оставете кратко да се впие.
Печете во претходно загреана рерна на 200-220 степени околу 35 минути. Послужете топло со пршута и пинџур.