Оние дами кои редовно одат на козметичките третмани знаат дека најефикасните работи, проверените третмани, вкусшност се изведуваат дома.
Овојпат, станува збор за еден “ритуал” кој се изведува навечер, барем еднаш седмично. За затегнување на кожата од лицето се користат овесна каша.
Еве што овозможува овесот:
-содржи цинк кој ги елиминира токсините од кожата, потоа
-железо, кое ја зацврстува кожата.
-натриум, кој ја подобрува циркулацијата и овозможува регенерација на епителните клетки
-манган, кој овозможува побрзо закрепнување и ублажување на воспаленијата
-витамин Б, кој ја храни и хидрира кожата
-витамин Е, која ја штити кожата од негативни, надворешни влијанија
Постапка:
Постојат три најдобри начини за примена на овесната каша во козметички цели:
ПРВ НАЧИН
Измешајте лажица овесно брашно со две лажици вода. Нанесете на чисто лице со кружни движења, а после неколку минути иплакнете со млака вода.
ВТОР НАЧИН
Измешајте овесни снегулки или брашно со вода, 1:2. Смесата завиткајте ја во газа, а потоа нежно избришете го лицето со таа газа. Исперете после неколку минути.
ТРЕТ НАЧИН
Една чаша овесни снегулки прелијте со топла вода. Смесата оставете ја во фрижидер еден ден, па процедете ја, а потоа течноста оставете ја уште еден ден во фрижидер. Потоа лицето измијте го со таа течност.
После миењето на лицето или после третманот со овесна каша, нанесете хранлив крем и оставете ја кожата да се одмори.
Ако треба да отстраните темни дамки од лицето, тогаш во овесната каша додадете лимонов сок.
После нанесување на оваа смеса не смеете да се изложувате на сончеви зраци, неколку часови после третманот. Затоа е најдобро да се применува навечер, пред спиење.
Ако во смесата додадете мед – дополнително ќе ја нахраните кожата. Ако имате сува кожа, во смесата додадете рицинусово масло.