Дали некогаш сте слушнале за сите здравствени бенефити од гроздовата вода? Овој необичен рецепт е одличен додаток на вашата диета бидејќи се грижи за здравјето на вашиот црн дроб.
Во што е тајната на овој напиток?
Водата во која се готвело сувото грозје стимулира одредени биохемиски процеси во црниот дроб кои помагаат во поефикасно чистење и детоксификација на крвотокот.
Најголемиот „виновник“ за ова е самото суво грозје, а доколку го следите овој третман цели четири дена, ќе забележите дека дигестијата ви се подобрила како и тоа, дека имате повеќе енергија.
Докторите често препорачуваат да го јадеме сувото грозје наутро, бидејќи на тој начин го заштитуваме срцето, го елиминираме лошиот холестерол, го намалуваме нивото на триглицериди и се подобрува работата на желудникот и на самиот метаболизам.
Сувото грозје е природен извор на минерали и витамини, а нивниот ефект драматично се зголемува ако пиеме вода во која сме го потопиле, бидејќи на тој начин се намалува нивото на шеќер.
Како се приготвува овој напиток?
Потребни состојки:
150 г суво грозје
400 мл вода
Постапка:
Внимателно одберете ги зрната и одбегнувајте ги оние со посветла боја и оние кои се многу сјајни, бидејќи тој сјај не е природен и се должи на бројни хемиски процеси кои се заслужни за таквиот „привлечен“ изглед.
Одберете суво грозје со потемна боја. Зрната не треба да бидат ниту претврди ниту премногу меки.
Измијте ги и тргнете од оган.
Загрејте две шолји вода до зовривање. Додадете го сувото грозје и оставете да се готви околу 20 минути. Звучи лесно, но тоа не е се’. Потребно е да го оставите сувото грозје да кисне преку ноќ.
Следното утро процедете ја водата и повторно загрејте ја. Овој напиток можете да го пиете врел или млак, но важно е да го пиете на празен стомак веднаш после будење. Појадокот би требало да следи половина час подоцна.
Идеално е ова да го правите неколку дена по ред – најмалку четири. Веќе после два дена ќе забележите дека желудникот работи многу подобро и ќе имате повеќе енергија, па овој напиток посебно им се препорачува на оние кои сакаат да ослабат.
Овој третман можете да го повторувате секој месец.