Ошетената коса не треба да се бојадисува! Бидете внимателни бидејќи од вашата коса може да направите вистинска катастрофа! Важно е претходно да проверите дали смеете да се впуштите во боење, а еве како тоа да го направите.
Ако сте одлучиле сами да ја фарбате косата во домашни услови, фризерите ви советуваат добро да обратите внимание на некои работи и да проверите во каква состојба ви се наоѓа косата. Тоа ќе го направите со помош на овој едноставен тест:
Со прстите внимателно издвојте еден прамен коса кој полека ќе го израмните. Врз праменот ставете неколку капки вода, па мерете го потребното време за кое косата ќе ги впие тие капки.
Ако косата ја впие водата во рок од 10 секунди, тоа значи дека кутикулата на косата е премногу оштетена и косата е невозможно еднакво да се бојадиса. Ако на капките им е потребно повеќе време од тие 10 секунди за да се впијат во косата, тогаш таа е во добра форма.
На оштетените кутикули, надворешниот слој од косата, исто така влијае и чешлањето на мокра коса, претерана употреба на пегла, виткање на косата и избелување. Поради сето ова косата губи доста влага и затоа е испукана.
За да го повратите здравјето на вашата коса и нејзиниот сјај, намалете ја изложеноста на топлина, без разлика дали станува збор за фен, преса или фигаро. Не ја фенирајте веднаш после миење бидејќи тогаш е полна со вода и изразено крута.