Овој рецепт е стар неколку години и вешто е скриван од јавноста, бидејќи претставува голема закана за фармацевтската индустрија.

Станува збор за посебно вино кое се приготвува од боровинки и смрекинки.

Боровинките делуваат антиоксидативно, ја ревитализираат и омекнуваат кожата, па дури можат да го спречат и ракот. Тие го јакнат имунитетот.

Имено, овие бобинки имаат повеќе антиоксиданси од било кое друго свежо овошје или зеленчук тестирано до денес. Поголемиот дел од својствата произлегуваат од пигментот кој е задолжен за сината боја.

Боровинката е одлична за видот и за здраво срце.

Го намалуваат нивото на шеќер во крвта, а исто така го топат салото околу стомакот. Помагаат при опстипација. Една чаша сирови боровинки содржи околу четири грама влакна. Растителните влакна кои ги има во боровинките можат да апсорбираат 11-16 пати повеќе од сопствената тежина во вода, па на тој начин ја забрзуваат работата на цревата.

Боровинките имаат големо количество на манган, кој игра голема улога во развојот на коските. Од друга страна, смрекинките имаат необичен вкус и најмногу се користат како зачин во европската и индиската кујна.

Овие смрекинки во античко време се користеле како лек, а нивните здравствени предности се познати и денес. Една од најкорисните состојки кај смреката е 4-терпинен, кој помага за намалување на висината на урична киселина, го подобрува дигестивниот систем и го зајакнува имунитетот и отпорноста на вируси.

Во комбинација овие бобинки имаат неверојатен ефект врз нашето здравје.

Рецептот е всушност базиран на боровинки и смрекинки потопени во вино и ракија, и всушност станува збор за вино од бобинки.
Лекот се применува пред се за проблеми со лоша циркулација и лоша крвна слика, при главоболки и вртоглавици, како и кај други слични тегоби, слабо памтење и слаби когнитивни способности.

Лекот може да се консумира и доколку имате проблем со слабо срце. За оваа намена сличен напиток од боровинки се споменува во записите пронајдени во Лондон кои датираат уште од 1696 година. Овде ни одблизу не завршува листата на сите корисни својства на овој народен лек.

Ова вино би требало да го пробате како решение за проблемите кај сите акутни и хронични заболувања на желудникот и цревата, како и кај дигестивни пречки и воспаленија на дебелото црево. Виното успешно ја регулира дигестивната флора и го регулира размножувањето на штетните бактерии и глисти. Виното помага и при недостиг на апетит и слабости предизвикани од некоја болест, операција или пад на имунитетот.

Бидејќи добрата циркулација и дигестија е клучот за добро здравје, како и добра срцева и мозочна работа, јасно е зошто ова вино кај народот е наречено лек против сите болести.

Потребни состојки:

½ кг свежи боровинки

½ кг смрекинки

1 литар добро домашно црно вино

½ литар домашна ракија

3 лажици шеќер

3 лажици домашен мед

Постапка:

Бобинките измијте ги и ставете ги во голема тегла. Прелијте ги со вино, да бидат целосно прекриени. Оставете да отстојат во фрижидер 48 часа. Потоа во смесата додадете половина литар ракија, мед и шеќер. Сето добро промешајте го, медот и шеќерот да се растопат. Оставете комплентната смеса да отстои уште 7 дена. Потоа е спремна за употреба.

Консумирање:

Лекот се користи така што се земаат 4 лажици од ова вино наутро и навечер. Нека во секоја доза има неколку бобинки кои добро ќе ги соџвакате пред голтање. Виното се користи 3 дена наутро и навечер по што се паузира 2 дена. Користете додека не ја потрошите целокупната доза која сте ја приготвиле по овој рецепт.