За домашниот сируп приготвен од мајчина душица и ѓумбир, велат дека ја лекува кашлицата како од шега. Овој рецепт се споделува од човек на човек и оние што го испробале велат дека им помогнал уште првиот ден на употреба.
Еве како да го подготвите:
Потребни состојки: 3/4 чаша мед, 1 1/2 чаши вода (додајте повеќе ако сакате да го разредете кога сирупот ќе биде готов), 2 раце свежа мајчина душица, 1 парче ѓумбир со должина од 4 см.
Постапка: ставете ги мајчината душица и ѓумбирот во водата и почекајте да зовријат, па оставете ги да се варат на тивко уште 5-10 минути. Потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете поклопено малку да подизлади. Кога ќе стане млак додајте го медот.
Промешајте за да се раствори (чајот сепак треба да биде топол за да се раствори медот, но не премногу за да не ги униш-ти неговите лековити својства). Оставете го сирупот да отстои уште половина час до еден час. После тоа, складирајте го во шише или тегла и чувајте го во фрижидер.
УПОТРЕБА: За возрасни: 3-5 лажици на ден. За деца: 3-5 лажички на ден.
Лековитите билки се вистинска ризница за здравјето и можат да помогнат во зајакнувањето на имунитетот, а некои од нив се користат со години за лекување на одредени болести.
РЕЦЕПТ 1
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 поголема главица кромид неизлупен, 4 ореви во лушпа поткршени и 4 чаши вода
ПОСТАПКА: кромидот убаво се мие и се сече на 4 дела. Оревите исто така убаво се мијат, се поткршуваат, па заедно со кромидот се ставаат во вода да вријат околу 15-тина минути. Потоа се остава малку да излади, се процедува и се засладува по потреба со мед. Се пие во текот на целиот ден.
РЕЦЕПТ 2
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кромид излупен, 1 цело јаболко органско, неизлупено, 1 орев во лушпа, 3-4 чаши вода или по потреба
ПОСТАПКА: една главица стар кромид, излупен, едно цело јаболко со лушпа (претходно измиено нели) и еден орев стар-убаво измиен и само накршен, напукнат (да не биде исчистен од тврдата обвивка). Сето тоа се вари 10-20 минути, да се добие темна течност, се процедува и се пие. Може да се додаде отпосле и малку мед.
РЕЦЕПТ 3
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 мл вода и 1 лажичка сува жалфија или 1 гранче свежа
ПОСТАПКА: откако ќе зоврие водата се става билката и се остава да врие точно 3 минути. Се процедува и се пие како чај.
РЕЦЕПТ 4
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: ½ лажичка жалфија, 1 шолја млеко, 1 лажичка свинска маст и ½ лажичка сода бикарбона
ПОСТАПКА: половина лажичка жалфија се става во врело млеко и се остава да врие точно 3 минути. Потоа се додава лажичка свинска маст и половина лажичка соа бикарбона. Се пие свежо приготвено во мали голтки. Се препорачуваат три шолји дневно, додека трае кашлицата.
РЕЦЕПТ 5
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл вода, 4-5 помали главици кромид, малку цимет и неколку ловорови листови
ПОСТАПКА: кромидите измијте ги и заедно со лупшата, пресечени на поголеми парчиња ставете ги да вријат додека да остане третина од првобитната количина. Пред крајот од готвењето додајте неколку ловорови листови и малку цимет.
РЕЦЕПТ 6
Во половина литар вода ставете пет цели измиени ореви и накршени и три помали или две главици кромид, исто така претходно измиени и расечени, со лушпа. Варете додека водата да се намали на третина, процедете и пијте како чај. На кој не му се допаѓа, може да додаде и мед.
РЕЦЕПТ 7
Потребни состојки: 1 главица кромид, измиена и неизлупена, 7 суви карафинлчиња, 3 ореви (може и само јатки да бидат) и 500 мл вода
Постапка: кромидот измијте го и исечете го на четвртинки, а во нив набоцкајте ги каранфилчињата. Ставете ги состојките да се варат околу 10 минути. Потоа оставете уште 5 минути на изгасена рингла. Процедете и пијте го топло.