ОВОЈ ДЕСЕРТ ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ: здрав ролат без шеќер, брашно и масло, многу вкусен и лесен за правење. Рецепт на Вкусна Минута. Mногу вкусен ролат, а кога ќе го пресечете е многу декоративен во разни бои.
Се прави од бело чоколадо и затоа е уште повкусен. Иако изгледа доста обично, кога ќе го пресечете на тркалца сите му се воодушевуваат. Па затоа го правам и за секакви свечени пригоди, а и онака кога ни се јаде само нешто слатко.
Исто така, не се пече, а најтешката работа е што треба да чекаме неколку часа во фрижидер да се стврдне. За да го подготвите ќе ви требаат следниве едноставни состојки: 80 г суви кајсии, 80 г суви сливи, 100 г бисквитни колачи..
И уште: 50-60 г ореви (кој сака може да ги замени со бадеми), 100 г путер, 80-100 г бело чоколадо, шеќер во прав за наросување, топла вода по потреба. Постапката проследете ја во продолжение:
Постапка: Сувите кајсии се ставаат во сад и се преливаат со млака вода. Истото се прави и со сувите сливи кои се оставаат да отстојат 5 минути во водата. Земете 50 г од бисквитните колачи и ставете ги во блендер да се изблендираат, а другата половина сочувајте ја за подоцна.
Оревите се сечат на средни парчиња, не ептен ситно. Смесата со мелени бисквити ставете ја во подлабок сад, а одозгора искршете ја преостанатата количина бисквити која претходно ја тргнавте настрана. Овие бисквити ги кршите на два-трипати, да не бидат премногу ситни, ни крупни.
Во смесата додајте ги оревите и малку размешајте. Во тенџере зовријте вода и врз него ставете сад со исечкан путер и чоколадо искршено на помали парчиња. Повремено мешајте и оставете состојките да се растопат на пареата.
Потоа смесата од растопено чоколадо и путер истурете ја во садот со останатите состојки и убаво измешајте за да може течноста да се впие во мелените бисквити. При мешање ќе забележите дека нема да се формира компактна смеса, туку ќе се создадат еден вид „расфрлани“ парчиња.
Но, не грижете се бидејќи тоа е убавината на овој прекрасен ролат кој ги рефлектира сите вкусови од состојките кои ги користите. Вака подготвена смесата ставете ја на хартија за печење по должина и започнете да ја виткате хартијата како ролат.
Одозгора покријте со алуминиумска фолија и виткајте го ролатот како колбас. Притоа, силно зацврстувајте со фолијата за сите состојки добро да се соединат. Мелените бисквити заедно со путерот ја формираат цврстината (базата) на овој колач, па затоа осигурајте се дека зацврсувате добро за да се распоредат низ целата смеса.
Ставете го да се стврдне во фрижифер 3-4 часа или најдобро преку цела ноќ. Потоа сечете го на тркалца со дебелина од еден прст и послужете го. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.