Температурите во овој период од годината, напоредно со главоболките и зголемена потреба за спиење, предизвикуваат бројни тегоби и подложност на вирози, воспаление на синуси, кашлица и целокупен пад на имуниот систем.

Доколку сакате да го зајакнете телото на природен и здрав начин, да ја излекувате настинката или вирозата, пригответе го овој едноставен и вкусен напиток.

Потребни состојки:

6 лимони
1 чешне лук рендано
2 лажички ѓумбир во прав
2 лажици мед
600 мл сок од ананас
½ лажичка лут црвен кајенски пипер во прав
1 лажичка куркума во прав

Постапка:

Исцедете го лимонот и ставете го сокот во блендер. Додадете ги останатите состојки и добро измиксајте додека да добиете изедначена смеса.

Чувајте ја мешавината во стаклен сад во фрижидер.

Пијте по 150-200 мл 4 пати во текот на денот, додека да се повлечат симптомите.

Во народната медицина со векови се познати лековитите својства на ананасот.
Од лековитите состојки, особено се издвојува бромелаинот, група ензими што ги разградуваат протеините и помагаат во процесот на варењето на храната.

Ако ананасот се јаде веднаш по оброкот, тој му помага на желудникот да ги разгради белковините до аминокиселини. Затоа ова јужно овошје често се препорачува во текот на држењето диети.

Ананасот е богат со витамин Ц, минерали и со растителни влакна, кои ја забрзуваат работата на цревата и го поттикнуваат варењето на храната.

Бромелаинот од ананасот има и јако антивоспалително дејство. Клиничките испитувања потврдиле дека бромелаинот од ананасот ги ублажува воспаленијата и го намалува отокот при акутните воспаленија на синусите, грлото, помага при артрит, гихт и го забрзува оздравувањето по операции и повреди.

Бромелаинот е природен лек против настинка и бронхит, бидејќи го разредува секретот во дишните патишта и го олеснува неговото искашлување. Некои истражувања дури покажале дека кај некои воспаленија, бромелаинот би можел да се користи наместо антибиотик.

За ова својство на ананасот целосно да се искористи, се препорачува консумирање ананас помеѓу оброците, инаку ензимите се искористуваат за процесот на варење на храната.

Бромелаинот се наоѓа во петелките и во плодот на ананасот, но се деактивираат со топлина. Затоа конзервираниот ананас не се добар извор на овие ензими, па најдобро е тој да се консумира свеж.

Бидејќи ананасот е богат со антиоксиданси, особено со витамин Ц, позитивно влијае и за заштита на организмот од штетното дејство на слободните радикали, кои може да предизвикаат различни заболувања како што се: атеросклероза, заболувања на срцето и крвните садови, бронхит, астма, ревматоиден артрит, остеоартрит, рак на дебело црево, како и други видови малигни заболувања.

Според тоа, ананасот се смета за природен антиканцероген лек, кој може да помогне во превенцијата и во борбата против ракот.

Ананасот го јакне природниот имунитет на организмот и го чува здравјето на човекот.
Ананасот не само што е здрав, туку е и вистински козметички волшебник, кој и однадвор и однатре ја храни кожата, ја чува нејзината влажност, ја обновува, ја чисти и ги собира порите.

Ананасот дејствува и против стареењето. Докажано е дека го забавува процесот на стареењето на кожата, ја зголемува нејзината еластичност, ја прави кожата помлада, посвежа и помека.

Ананасот го поттикнува метаболизмот, па затоа тој е успешен борец против целулитот и вишокот килограми.

Ананасот содржи и магнезиум. Поради недостиг од магнезиум доаѓа до преосетливост на нервниот систем, до раздразливост, нервоза, грчеви на мускулите, нарушена работа на срцето и на органите за варење.

Недостигот од магнезиум доведува до недоволното искористување на калциумот, за потребите на организмот. Исто така, недостигот од магнезиум се поврзува и со појавата на малигните заболувања. Сокот од ананас ги намалува напнатоста, нервозата и стресот.