Една од најкултивираните украсни растенија во светот и со векови се рози. Овие грмушки цветаат со месеци, создаваат цвеќиња кои често се големи и убаво обоени, како што се црвени, жолти, бели… Исто така, иако има многу варијанти кои немаат арома, има и други кои имаат.
Грижата и одржувањето розите е прилично едноставно, но редовно треба да ги проверувате во случај да се појават ште-тници или самото растение да стане подложно некоја болест.

![]()
![]()
![]()
![]()
Можеме да се сложиме дека ружите се навистина посебни и дека апсолутно секоја градина максимално ја разубавуваат. За да започнат ружите убаво да цветаат напролет и да ви ја разубават градината, се препорачува да се насадат доцна есен.
![]()
![]()
![]()
![]()
Секако најидеално време е да ги засадите во есен. При садењето, ружата треба да ја засадите во земја заедно со обвивката, а притоа да ја посадите што подлабоко. Доколку ја садите во есен, тогаш не треба да ја поткаструвате, туку само добро да наѓубрите и да нафрлите доволна количина земја.
![]()
![]()
![]()
![]()
Напролет само расчепкајте го хумусот и младите фиданчиња поткастрете ги и оставете само три, со должина од 15 см. Доколку зимата е силна, со многу снег или мраз, може да предизвика ште-та на ружите и тоа во голема мера. За да ги заштитите зимно време користете најлон или слама, така што ќе ги завиткате околу нив и сите нови фиданки од земјата ќе ги потсечете.

![]()
![]()
![]()
![]()
Според многумина, розите се најубавото цвеќе и најубавата декорација во градините и на балконите. Ако одлучите да го одгледувате овој цвет, важно е да знаете дека тие бараат одредена грижа. Често се случува да почнат да венеат од различни причини, но добрата вест е дека постои решение што може да ги „врати во живот“ и да ги избрка штет-ниците.




Се додека повеќе од половина од растението е здраво, постои голема шанса да го зачувате цветот. Правилната грижа, редовното одржување и малку трпение е сè што е потребно за да се врати сјајот и убавината на розите. Експертите советуваат дека во третманот и обновувањето на розите, важно е да дејствувате што е можно побрзо, штом забележите потенцијални проблеми.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во прилог на органски додатоци за цвеќиња (природно ѓубриво), кои можете да ги најдете во сите земјоделски аптеки, домашните препарати можат да бидат подеднакво корисни за растенијата, а ние ви предлагаме рецепт во кој се колнат дури и искусни градинари.
![]()
![]()
![]()
![]()
За подготовка на природното лековито ѓубриво ќе ви бидат потребни следниве состојки: 3 литри вода, 1 кесичка прашок за печиво, 3 капки сјај за миење садови. Доволни ви се овие три состојки за да го вратите здравиот изглед на вашите билки.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Измешајте ги состојките во шише со прскалка, добро протресете за да се соедини сè. Потоа испрскајте ги сите рози во градината со овој раствор. Штет-ниците би требало да исчезнат по првато нанесување, но доколку е потребно, повторете ја постапката и во наредните денови.













