Валгус е деформитет на зглобот во основата на палецот а често е предизвикан од носење на тесни, неудобни чевли и високи потпетици.

Оваа појава може да биде наследна но најчесто се формира како резултат од носење на несоодветни чевли. Валгусниот деформитет понекогаш се развива во артритис.

Жените се особено склони кон развој на овој деформитет. Девет од десет жени најчесто развиваат валгус во текот на животот. Иако не е секогаш болен, овој деформитет може да влијае врз квалитетот на вашиот живот.

Стапалото е доста непривлечно, но што е уште поважно, претставува вистински проблем за пронаоѓање на соодветни чевли.

Жените со ваков деформитет обично не можат да си ги дозволат преубавите чевли или штикли од излогот бидејќи тоа е „невозможна мисија.“

Хируршкиот третман секогаш постои како можна опција, но овие ефикасни народни лекови исто така ќе ви помогнат да се ослободите од валгусот на безболен начин.

Пробајте го овој природен лек кој на многумина им помогнал:

ЧАЈ ОД ЛОВОРОВ ЛИСТ

Во 300 мл ставете една лажица мелен ловоров лист. Ставете на оган да врие 5 минути а потоа префрлете ја течноста во термос. Оставете да преноќи.

Пијте го чајот наутро, на гладно.

Овој чај е важно да се пие во голтки, а не одеднаш. Овој третман се повторува три дена, но секојпат подготвувајте го свеж.

Повторете по една седмица.

Еден од резултатите ќе биде почесто мокрење, а со тоа ќе се исфрлат вишокот соли од телото.

За само десет дена од примена на овој третман, ќе ги забележите првите видливи подобрувања. Освен што ќе се чувствувате многу подобро, вашите болки во зглобовите, исто така, ќе исчезнат. Вашиот валгус целосно ќе исчезне, ако го применувате третманот редовно во текот на 2 месеци.

ОБЛОГА СО ЛОВОРОВ ЛИСТ

Земете пет поголеми ловорови листови, иситнете ги ситно па ставете ги во 100 мл 96% – алкохол. Оставете да отстои една седмица.

Во леѓен со три литри вода ставете една лажица сода бикарбона. Оставете ги стапалата да отстојат и добро да омекнат.

Потоа избришете ги со пешкир и нанесте облога натопена во приготвениот препарат. Обујте памучни чорапи и така преспијте.

Јодот и аспиринот измешани заедно, исто така можат да бидат исклучително корисни за лекување на болки во зглобовите, валгуси и слични коскени израстоци.