Летото тропа на врата, а доколку не сте задоволни со својот изглед, а немате време за теретана, ви советуваме да го направите овој напиток кој прави чуда за вашето тело.

Покрај здравата исхрана, со помош на овој рецепт ќе успеете да ја добиете посакуваната фигура и да изгубите неколку центиметри во струкот.

Потребни состојки:

500 мл бадемово млеко

2 смрзнати банани

2 лажици путер од бадем или кокосово масло

2 лажици кисела павлака

2 лажици мед

Малку мускантно оревче

Постапка:

Сите состојки ставете ги во блендер, а потоа миксајте неколку минути. Ставете во чаша и пијте го напитокот додека е свеж.

Овој вкусен напиток ќе ја замени вашата дневна потреба за ужини!

*Напитокот делува само доколку практикувате здрава исхрана, која подразбира повеќе овошје и зеленчук, како и пиење доволно течности, одбегнување на пржена и брза храна, алкохол, газирани и други зашеќерени сокови.