Нема да ве лажеме: овој напиток е многу интензивен. Содржи лимонов сок, лук, ѓумбир и кајенска пиперка, а доволни се околу 60 мл за да ве подигне кога сте болни од потешки настинки!

Во зависност од саканиот интензитет, можете да го прилагодите односот на лукот и ѓумбирот. Време на приготвување: 5 минути!

Потребни состојки:

1 лимон, излупен

1-4 лукчиња

1-парче свеж ѓумбир (2-3 см)

Cayenne бибер (лута мелена сува пиперка)

Постапка:

 

Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте додека да се изедначат, а одозгора наросете лут црвен прав (на врв од ножот).

Напитокот испијте го одеднаш.

Кога ќе изминат неколку часа, пригответе го следниот напиток:

-исцедете лимонов сок од 1 лимон, ставете го во висока чаша, па додадете половина лажичка сода бикарбона. Ќе се појави пена поради настанатата реакција, па кога ќе се смири, испијте го напитокот одеднаш.