Овој напиток може да ја излекува дури и најкомплицираната кашлица, која не успева да ја излекува современата медицина. Ова е многу ефикасен народен лек не само за кашлица, туку со успешност може да излекува и бронхитис, ларингитис и трахеитис кај деца и возрасни.




Пoтребни состојки: 250 мл млеко, 1 лажица путер или гускина маст, 1 жолчка, ¼ сода бикарбона. Постапка: Сварете го млекото, а потоа оставете го малку да подизлади. Додајте лажица путер, а уште подобро ако имате гускина маст.




Оваа маст со успешност ги лекува белодробните заболувања. Засладете со една лажица мед и промешајте. Потоа во млекото додајте изматена жолчка од јајце и четвртина лажиче сода бикарбона. Напитокот се конcyмира пред спиење, најмалку 5 дена по ред.




Ч УДО МЕВЛЕМ: Освен путер или гускина маст, може да ставите од чyдo мевлемот: 1 чајна лажица за возрасни, за деца ½ чајна лажица. Се подготвува од следниве состојки: 400 мл кантарионово масло, 1 сварена и издробена жолчка од јајце, 60 г пчелин восок.




Постапка: Маслото се загрева на оган, па во него се додава восокот да се растопи. Постепено се додава издробената жолчка од јајце и се меша. Кога ќе се смири пенењето на смесата и ќе се стави целата жолчка, садот се трга настрана и по 20 минути се процедува низ ситна газа. Се складира во сад, а во фрижидер се чува и до 10 месеци.




А овој лек може да го направите за исфрлање на секретот: Измешајте ги следните состојки и испијте го во текот на денот – половина наутро, а половина навечер: 2 лажици маслиново масло, 2 лажици сок од лимон, 2 лажици вода, 1 лажица мед.




Ако детето го ма-чи б олно грло и кашла преку целата зима, обидете се со оваа домашна лековита маст за детска кашлица: 50 г прополис, 50 мл сончогледово масло. Двете состојки ставете ги во емајлиран сад и загревајте на пареа. Кога ќе се растопи прополисот, процедете ја маста во соодветен сад.




Маста се мачка на гра-дите, грбот и нозете на детето, двапати во денот. При силна кашлица, се дава ¼ лажичка да ја проголта или растворено во млеко. Во продолжение прочитајте четири рецепти кои ќе ви помогнат во најкраток рок да го смирите надразнетото грло, да ја смирите б олката и да ги уни-штите бактериите.

Фото: Јутјуб Принтскрин




Покрај тоа, овие раствори ќе ја намалат иритацијата на ткивата и ќе направат дезинфекција на слузокожата. Куркума и сол.  Во 250 мл млака вода разматете 1 лажичка куркума во прав и половина лажичка морска сол. Куркумата е позната по антисептичките својства, па добро делува против б олки.




Јаболков оцет, мед и жалфија. Во 250 мл млак чај од жалфија додајте 1 лажичка јаболкова киселина и 1 лажичка мед. Медот ќе ја ублажи чувствителноста на грлото, додека оцетот ќе делува антибактериски.

Бел слез. Во 250 мл чај од бел слез додајте 1 лажичка ѓумбир во прав. Ѓумбирот е силен антисептик и добар е против б олки, додека слезот ја смирува надразнетата слузокожа на дишните патишта.




Сол и вода. Ова е традиционален и многу едноставен лек за б олка во грлото. Во една шолја топла вода додајте четвртина лажичка сол и добро промешајте. Примена на растворите:  Земајте мали голтки и правете гаргара во времетраење од најмалку 30 секунди. Најдобро е да се потроши целата количина која сте ја приготвиле, а за следниот пат да приготвите нова.

NMD.mk