Sonia Andreev за читателите на НМД.мк го откри рецептот за приготвување на природен лек за кој вели дека и го спасил животот. “Еве да ви откријам еден многу лековит лек кој ми го спаси животот и благодарение на него сум сè уште меѓу живите, меѓу моите деца и внучиња…
Пред 17 години бев заболена од тумор на црн дроб, тумор на дебело црево и на матката. Матката хируршки ми беше отстранета, ама за црниот дроб и дебелото црево постоеше голем ризик да ме оперираат. Меѓутоа, самиот доктор што ме оперираше ми даде еден рецепт да направам и редовно да го користам, па бев послушна и активна.
Го направив и го консумирав редовно, па на следните испитувања покажа дека немам тумор. Така си го спасив животот од болести и од операции, па затоа до ден денешен го користам и мислам дека само поради овој лек сум жива… Па ако сакате објавете го, можеби и на други ќе им го спаси животот.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 15 главици лук, 15 лимони, 500 г мелени ореви, 500 г мелени лешници, 500 г суви смокви, 500 г суви сливи, 500 г суво грозје бело, 500 г суво грозје црвено, 500 г пченица чиста, не прскана и 1 кг домашен мед (ако е можно од проверен пчелар).
ПОСТАПКА: Пченицата се мие со топла вода 9 пати и во десеттата млака вода се остава да преноќи. Следниот ден се процедува и се блендира. Смоквите се сечкаат ситно и сливите исто така, бидејќи тешко се блендираат. (Може да користите и машина за ајвар).
Од 10 лимони (непрскани или истретирани со сода бикарбона) се цеди сокот а 5 лимони се мелат заедно со кората. Сите состојки (лукот се лупи) се блендираат и се ставаат во голема вангла, па се меси со дрвена лажица. Треба добро да се соединат состојките.
Потоа се става ракавица (од аптека) на раката, па рачно убаво се меси. Смесата е густа како тесто и трае за три месеци. Се складира во стаклени тегли и се чува во фрижидер. Јас ја правам двапати годишно, на многумина сум го дала рецептот и сите се задоволни.
Има навистина големи резултати, спасува од тумори, го чисти карциномот. Јас сум премногу задоволна, мојот сопруг јаде од него исто така, иако е добар со здравјето. Едноставно заштитува од болести, од вируси, па можат и здравите да го користат бидејќи е многу квалитетен и природен без хемикалии.”
Употреба: Трипати дневно, по една или две лажици пред појадок, пред ручек и пред вечера. Дозата за еден човек е за три месеци, јас јадам по две лажици, трипати дневно.