Без разлика дали се борите со долготрајни, хронични проблеми со ревматоиден артритис или повреда добиена при некоја физичка активност, болката во коските и зглобовите не е воопшто пријатна.

Болката може да биде неподнослива, а може да се појави во мирување или при движење. Извршувањето на лесни работни задачи станува тешко и напорно и се намалува квалитетот на животот.

Понекогаш ова чувство на болка исчезнува во еден момент, а потоа повторно се враќа, а интензитетот и времетраењето на болката никогаш не можат да се одредат.

Болката се јавува почесто во зглобовите отколку во самите коски. Причината е големиот стрес што го претрпуваат зглобовите во текот на целиот животен циклус на секоја личност, бидејќи тие ги поврзуваат коските.

Зглобовите помагаат да се одржи телото стабилно без оглед на тежината, а исто така без зглобовите, движењето би било невозможно. Постојат многу причини за болка во зглобовите и коските и многу е важно да се започне со третман што е можно поскоро за да се избегнат компликации.

Поточно во зглобовите, воспалението е една од најчестите причини за болка. Секоја болест, инфекција или повреда што влијае на лигаментите, меките ткива и тетивите, може да предизвика хронична болка во коските и зглобовите.

Болестите предизвикани од активностите на слободните радикали директно влијаат на нарушувањето на структурата на коските. Ако на вашето тело му недостига калциум или витамин Д, може да се развие остеопороза, а со тоа и болка во коските и зглобовите.

Возраста исто така има големо влијание врз кршливоста на коските, а лигаментите во областа на зглобовите веќе не се во состојба да ја издржат тежината на телото како порано. Многу жени ја доживуваат оваа болка за време на бременоста, особено во третиот триместар.

Болките во коските обично се локализирани и често се опишуваат како многу остри, особено кога се поврзани со фрактура. Едно лице може да има слично чувство ако развие карцином на коска. Што се однесува до болката во зглобовите, таа обично е концентрирана на специфичен зглоб, а може да биде остра и интензивна.

Тогаш ‘рскавицата се троши и ерозира со текот на времето. Болката може да се влоши со прекумерна физичка активност или како резултат на зголемување на вишокот килограми.

Оток

Се јавува поради акумулација на течност во болни зглобови. Покрај тоа, зглобовите се видливо поголеми од вообичаено, а нивната форма е променета.

Вкочанетост

Претставува спречено или ограничено движење. Понекогаш е потребен голем напор за да се направи одредено движење.

Постојат многу фактори кои можат да предизвикаат болка во коските и зглобовите, затоа е потребно да се консултирате со лекар пред да започнете со терапија со природни лекови.

Многу е важно да не сте алергични на лекот што е потребно да го користите. Луѓето со чувствителна кожа можат да предизвикаат иритација со употреба на некои лекови. За време на терапијата, луѓето со прекумерна тежина, исто така, треба да ја регулираат својата исхрана.

Куркумата како лек против болка во коските и зглобовите

Активната компонента во овој зачин се нарекува куркумин, што му дава препознатлива боја на зачинот, како и лековити својства. Го спречува производството на протеини кои предизвикуваат болка и формирање на оток во зглобовите.

Куркумата е сосем безбедна за употреба и не создава несакани ефекти. Измешајте една лажичка мелен црн пипер и ¼ чаша куркума во прав. Чувајте ја смесата во тегла и користете ја како зачин во исхраната.

Шипинката е природен лек за лекување на болката во коските и зглобовите

Користејќи ја шипката како природен лек, пациентите забележале намалување на вкочанетоста и се намалила дозата на лекови за третман на болка во коските и зглобовите. Антоцијанинот кој се наоѓа во шипинката ја намалува прогресијата на артритисот.

Измијте ги и исчистете ги плодовите на шипинка. Потоа процедете ги во блендер за да направите пире. Додајте лажица од смесата во 600 мл зовриена вода. Откога водата ќе зоврие, намалете ја температурата на шпоретот и оставете смесата да се вари во следните 5-10 минути со повремено мешање.

Процедете и засладете со мед. Ова е доволна количина која треба да ја испиете во текот на денот. Консумирајте по 200 мл по секој главен оброк.

Горчлива сол (ЕПСОМ сол) за елиминирање на болката и вкочанетоста во коските и зглобовите

Овој вид сол содржи магнезиум сулфат кој го релаксира организмот и ја елиминира болката и вкочанетоста. Лесно се апсорбира во кожата, па затоа лекот делува брзо, речиси инстант.

Истурете две чаши горчлива сол во топла бања. Легнете во кадата и останете во неа следните 20 минути. Истуширајте се по третманот. Повторете го третманот неколку пати неделно за да забележите долгорочни резултати.

Темјан како природен лек за воспаление на зглобовите и коските

Дрвото од темјан го зајакнува имунитетот и ги у ништува слободните радикали кои предизвикале инфекции во областа на зглобовите или коските. Користењето на овој природен лек го намалува чувството на непријатност и воспалението на зглобовите.

Сварете половина лажичка суви лисја од темјан во 200 мл вода. Оставете чајот да се излади, а потоа консумирајте двапати на ден. Во исто време, ставајте ладни облоги со мраз на болното место секој ден.

Маслиново масло

За време на третманот, циркулацијата на кр-вта е подобрена и се охрабрува обновување на ‘рскавицата и коскеното ткиво. Маслиновото масло го олеснува движењето и го намалува воспалението.

Процедете еден лимон и ставете го во тегла. Наполнете ја теглата целосно со маслиново масло и оставете ја да отстои на темно место две недели. Потоа процедете ја смесата преку газа. Третманот се одвива вака: намачкајте ги болните места со добиеното масло – по можност навечер и завиткајте со памучна крпа или газа на местото.

Босилекот е природен лек против болни зглобови

Ова лековито растение е природен лек за намалување на болката и е ефикасен за проблеми со коските и зглобовите. Исто така, го зајакнува имунитетот и му помага на телото да се бори против причините за инфекции.

Изблендирајте неколку свежи листови од босилек во блендер. Додајте една лажица кокосово масло. Нанесете ја добиената паста на болниот зглоб. Оставете да делува еден час, а потоа исплакнете со топла вода. Повторувајте ја постапката секој ден.

Ѓумбир

Локалната употреба на ѓумбир го намалува отокот во болните зглобови или коски и ја отстранува непријатноста. Го олеснува движењето и лечи бактериските и вирусните инфекции.

Ставете 50 г корен од ѓумбир во 200 мл врела вода. Откога водата во тенџерето ќе зоврие, тргнете го од оган, поклопете и оставете го да отстои околу 15 минути. Добиената смеса ставете ја во блендер додека да добиете кремаста паста. Нанесете го во подебел слој на болното место. Покријте го местото со памучна крпа, оставете да делува половина час, а потоа исплакнете со вода.

Есенцијално масло од каранфилче

Измијте го болното место со ладна вода. Намачкајте малку од ова есенцијално масло директно на зглобот. Масирајте го болниот дел со кружни движења. Исплакнете по половина час со топла вода.

Есенцијално масло од еукалиптус

Истурете 15 капки масло од еукалиптус во чаша топла вода и добро измешајте. Потопете чиста крпа во добиената течност и ставете ја на болниот дел од телото. Држете го компресот 30 минути. Повторувајте ја постапката неколку пати на ден.

Есенцијално масло од камилица

Измешајте 10 капки масло во 200 мл топла вода. Натопете чиста памучна крпа во течноста и ставете ја на болното место. Држете го компресот 10 минути. Навлажнете ја крпата повторно, па ставете ја повторно на болното место. Повторувајте ја постапката неколку пати додека да исчезне болката.

Забелешка: Потребно е преку исхраната да внесувате многу витамини и минерали. Јадете сурово овошје и зеленчук богато со витамини како железо, магнезиум и калциум. На овој начин ќе се чувствувате подобро, ќе ги зајакнете коските и зглобовите и ќе имате поголем обем на подвижност.

Рецепт за ублажување на болката во коските и зглобовите 

Циметот и медот имаат значително антивоспалително дејство. Овој напиток ги ублажува болките во коските и зглобовите, помага при реума, артритис и гихт. Се пие двапати на ден, еднаш наутро и навечер пред спиење.

Потребни состојки: 1 кафена лажичка мелен цимет, 2 лажички мед и 200 мл млака вода.

Постапка: Во чашата со врела вода ставете 1 лажичка мелен цимет, промешајте па додајте две лажички мед. Мешајте додека медот да се растопи во водата. Кога ќе добиете кафеава смеса, односно откога ќе се измешаат добро сите состојки испијте го лекот додека е сè уште топол.