Тинктурата од пелин многу лесно се приготвува и затоа треба сите да си ја направиме поради нејзината лековитост. Сувата билка која е потребна за приготвување на овој лек, можете да си ја купите од Билна аптека или било која друга Билкарница.
Тинктурата од пелин лекува болки во стомакот предизвикани од разни проблеми, подуеност од гасови и лошо варење на храната, проблем со цревата, мачнина.. Но добра е и за дезинфекција на кожата од повреда.
Тинктурата од пелин се приготвува на следниот начин.
Потребни состојки:
3 супени лажици суви листови од пелин
200 мл алкохол 70% – од аптека
Постапка:
Во една стаклена тегла ставете три лажици суви листови од пелин. Прелијте со алкохолот и затворете ја теглата.
Оставете така да отстои две седмици, а секој ден барем еднаш протресете ја теглата.
По изминатите 14 дена, процедете ја содржината од теглата. Кога имате било какви тегоби: во една чаша вода ставете 15-30 капки од оваа тинктура и испијте ја.
Покрај овој рецепт постојат и други варијанти каде пелинот се прелива со половина литар коњак, со тоа што од оваа тинктура се консумираат 30-50 капки растворени во вода.
На вас останува за кој рецепт ќе се одлучите, но и двата се подеднакво делотворни, бидејќи содржат пелин.