Многумина имаат проблеми со варењето на храната, како и проблем со тврда столица. Чувството може да биде навистина непријатно, болно и напнато. Можеби ви звучи невозможно дека дебелото црево може да содржи неколку килограми заглавен отпад, но треба да знаете дека тоа е голем ор-ган што го собира целиот отпад од телото.
Се препорачува да се спроведува чистење на дебелото црево еднаш годишно за да се ели-минира насобраниот отпад и ток-сините, а во исто време да се подобри неговата функција и да се регулира правилното варење на храната.
Акумулацијата на ток-сини го уни-штува организмот и доведува до хронични заболувања. Најчестите симптоми на ток-сичност на дебелото црево вклучуваат: намален имунолошки систем, неправилно варење на храната, гасови, подуеност, дијареа, запек, б олки во долниот дел од стомакот, промени во расположението, замор, депресија, губење на меморијата и замаглување на видот, б олки во мускулите и зглобовите, проблеми со мочниот меур, ва-ги-нални инфекции и осип на кожата.
Доколку ги имате споменатите симптоми и сметате дека на вашето тело му треба чистење на дебелото црево, подгответе го следниот рецепт затоа што е исклучително ефикасен и корисен:
I Рецепт: Јаворов сируп за чистење на дебелото црево
Потребни состојки: 2 лажици јаворов сируп, свежо исцеден сок од лимон, половина кафена лажичка мелен црн пипер и 350 мл вода, најдобро да биде минерална или изворска.
Постапка: Измешајте ги состојките и пијте ја смесата 2 – 3 пати на ден, две недели по ред. За време на терапијата избегнувајте преработена храна, ал-кохол, кофеин и вештачки додаден шеќер и јадете сирова храна, особено овошје и зеленчук.
Важно е да обратите внимание на она што го јадете. Потребно е да јадете овошје, зеленчук, житарици и да пиете јогурт или кефир, кои се природни пробиотици и го стимулираат растот на добрите бактерии во организмот. Исто така, важно е да пиете многу вода.
II Рецепт: Овој природен лек може да помогне во правилно варење на храната и при проблеми со запек
Потребни состојки: 5 чаши вода, 100 г сливи, 100 г урми.
Подготовка: Ставете сливи и урми во тенџере и оставете да зоврие водата. Потоа гответе уште 15 минути на тивок оган, поклопете, а по 15 минути тргнете од рингла и оставете да се излади.
Складирајте ја смесата во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Консумирајте по една мала лажица наутро на празен стомак, пред појадок. Овој природен лек ќе ви помогне да го исчистите организмот од ток-сини, но и да го решите проблемот со опстипација.
Исто така и смоквата е докажан природен лаксатив кој помага во исфрлање на насобраните ток-сини. Татковина на смоквите е Мала Азија, делови од Сирија и Палестина (Едемската градина), од каде што била пренесена преку Црното Море во Грција. Смоквата била донесена во Рим преку Египет и ја донеле Феникијците.
Денес, смоквите растат низ целиот свет. За нејзините знајни лековити својства напишани во античките египетски записи, како и во записите за античките цивилизации на медитеранскиот појас, таа е опишана во легендите како симбол за плодност и размножување.
Лисјата од смоква се едногодишни, големи, жилави, гру-би и малку влакнести. Цветовите од смоква се разликуваат од другите цвеќиња. Тие се развиваат заедно во месести соцветија и формираат облик на круша. Овошјето е сочно и слатко. Кората на дрвото е кафеаво-сива и мазна.
Денес во ботаниката се познати околу 700 видови смокви. Важно е да знаете дека не треба веднаш да се пие вода по консумирање на смокви. Смоквата е хранливо стимулирачка храна во и како таква секогаш треба да се зема наутро.
Свежите и суви смокви имаат лаксативно дејство. Дури и во античката и народната медицина, тие се сметаат за природен лаксатив. Повремениот запек се третира со компот од суви смокви или сливи, како и комбинација на двете овошја.
Многу е важно да знаете како да го регулирате варењето на храната, со цел да се избегне автоинтоксикација на организмот, односно труе-ње со сопствени отро-ви, поради неколкудневно задржување на столицата.
Сувите смокви имаат лековито дејство врз гастроинтестиналниот тракт првенствено врз работата на желудникот, како важен дигестивен орган и ја апсорбираат вишокот киселина од желудникот, олеснувајќи ги симптомите на гастритис.
Поради своето антисептично дејство, народната медицина користи смокви против воспаление на грлото и белите дробови, и како лек против паразити во цревата. Смоквата се користи и како облога после убо-ди од инсекти.
Чај од смоквин лист против дијабетес
Постапка: 2 лажички суви лисја од смоква прелијте со чаша (200 мл) врела вода. Поклопете и оставете 10-15 минути. Потоа процедете. Секое утро, пијте по една шолја од овој чај со појадок.
Сувите смокви се високо концентриран извор на минерали, витамини и антиоксиданти. Тие имаат повеќе калории отколку свежите – 249 калории на 100 грама. И свежите и сувите смокви содржат значителни количини на витамини од групата Б, како што се ниацин, пиридоксин, пантотенска киселина и фолна киселина.
Овие витамини се вклучени во метаболизмот на јаглехидратите, протеините и мастите. Б-комплексот е важен за функцијата на мозокот, особено за добро расположение. Сувите смокви се обилен извор на минерали калциум, цинк, калиум, селен, железо и бакар.
Железото и бакарот се потребни за да се создадат црвени кр-вни клетки, додека калиумот е важна компонента на клетките и телесните течности и помага во регулирање на срцевиот ритам и кр-вниот притисок. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска