Кога компирот во вид на пире или помфрит ќе ви здодее, еве една многу интересна идеја, во комбинација со многу сусам…. превкусно!
Потребни состојки:
500 г компир
200 г брашно
40 г путер/маргарин
50 мл вода
Сол, вегета
150 г кашкавал
200 г сусам
Масло за пржење
Постапка:
Излупен компирот исечете го на коцки и сварете го во вода во која сте додале малку сол, а потоа исцедете го и испасирајте го во пире.
Додека е топол компирот додадете вегета и путер. Кога масата малку ќе подизлади, измешајте брашно разматено со малку од водата во која се варел компирот и замесете тесто.
Готовото тесто поделете го на поголеми парчиња и на набрашнета површина формирајте ваљаци, па сечете ги на парчиња со саканата величина. На секое парче ставете коцкичка кашкавал и обликувајте топче, внимавајќи кашкавалот убаво да биде покриен.
Крокетите извалкајте ги во сусам и пржете ги во длабоко масло. Пржените крокети вадете ги на хартиена салветка за да се впие вишокот масло.