Потребни состојки:

1 чаша од 200 мл кисела павлака

1 чаша шеќер

3 јајца

½ чаша масло

1 чаша меко брашно

1 чаша мелени лешници

1 чаша какао

1 прашок за печиво

за декорирање:

чоколадна глазура, шарени трошки

Постапка:

Измиксајте ги јајцата со шеќер, па додадете кисела павлака, масло, брашно, лешници, какао и прашок за печиво.

Добиената смеса излијте ја во длабок а помал плех (30х20 см) обложен со хартија и печете на 180 степени околу 45-50 минути.

Врз изладениот колач ставете чоколадна глазура (топено чоколадо со 3 лажици масло, или нешто по свое) и наросете со шарени трошки.