Морковот го подобрува видот, делотворно делува против карцином а кожата ја прави млада и здрава.
Ова е рецепт за долг живот, а се прави од само неколку намирници. Пригответе го овој напиток за долговечност и испијте го веднаш после приготвувањето!
Потребни состојки:
4 моркови
3 јаболка
Сок од ½ лимон
2 см корен од ѓумбир
Постапка:
Сите состојки ставете ги во соковник, а добиенот сок веднаш испијте го, најдобро на гладно.
Морковот го подобрува видот, делотворно делува против карцином а кожата ја прави млада и здрава. Исто така, добар е за срцето, забите и непцата, го чисти телото и го заштитува од срцев удар.
Јаболкото го јакне имунитетот, помага при слабеење, ја стимулира работата на бубрезите, црниот дроб и жолчката, штити од болести во усната шуплина, ја стимулира дигестијата, го штити срцето и крвните садови, го намалува стресот, уморот и несоницата, штити од бактерии и вируси, спречува неколку видови рак.