„Oвој едноставен мевлем ме спаси од маката наречена хемороиди, па им го препорачувам на сите, затоа што е проверен рецепт“, вели Нихада Мајсториќ. „Здраво, овој мевлем го правам редовно, првпат го направив со маслиново масло и со билката дивизма, а овојпат со мед, прополис и алое вера, заедно со восок за да се соедини.
Мене овој мевмем ми помогна да се ослободам од проблемот наречен – хемороиди и на сите им го препорачувам. Не е cкап ниту е комплициpaн за приготвување. Овојпат направив двојна дoза и за мои блиски луѓе, зашто при разговорите и споделеното искуство излезе дека на повеќемина им е потребен, а не само на мене. Еве го рецептот:
Потребни состојки: 1 лажица мед, 1 лист алое – сок (има подобро дејство, но ако не можете да најдете, не мора да го ставите), 25 мл прополис капки, 50 г пчелин восок и 50 мл маслиново масло
Постапка: Во емајлиран сад ставете масло, па додаjте го иситнетиот восок. Ставете на тивок оган да се растопи, па тргнете настрана и повремено мешајте со дрвена лажица додека да излади.
Медот, прополисот и сокот од алое добро промешајте ги во стаклен сад. Потоа додаjте ги во изладената смеса од масло и восок и сето убаво промешајте за да се изедначи.
Добиениот мевлем складирајте го во соодветен сад или во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер. Употреба: неколку пати на ден се мачка добро измиеното и исушено болно место. Кога хемороидите ќе се повлечат се мачка по потреба или превентивно.