Фото и рецепт: Љубица Пушкаш

Потребни состојки:

2 пудинг од чоколадо
500 мл млеко
4 лажици шеќер
2 ванилин шеќер
1 банана
Мелени бисквити за валкање

Постапка:

Пудингот, шеќерот и ванилин шеќерот сварете ги во млекото.

Филџани за кафе намокрете ги со вода, па наполнете ги со сварениот пудинг. Во средината ставете парче банана. Ставете ги во фрижидер добро да се изладат.

Изладениот пудинг-колач извадете го од фрижидер и со едно протресување извадете го од филџанот.

Извалкајте го во мелени бисквити и тоа е тоа.

Наместо пудинг од чоколадо можете да користите различни вкусови. Испробано е со вкус на јагода, малина, лешник, ванила… сите имаат одличен вкус.

Наместо мелени бисквити може да користите кокос, мелени лешници, ореви… или што и да одговара според комбинацијата на вкусот.

Фото и рецепт: Љубица Пушкаш