Црниот пипер во народната медицина се користи за бројни здравствени состојби: зголемена телесна температура, воспалено грло, мачнина, вртоглавица, отежнато мокрење, ревматоидни воспаленија и артритис.
Вдишувањето на пареа од црниот пипер може да ви помогне дури и за полесно оставање на цигарите. Пиперот успешно ја смирува нервозата, го ублажува стресот и несоницата, ја подобрува концентрацијата и памтењето, ги јакне нервите.
Црниот пипер како лек
Најважните состојки на црниот пипер се етеричните масла: phelandren, sesquiterpen и caryopylen – кои се застапени од 1 до 2,5%, алкалоидот пиперин до 10%, потоа скроб, смола и малку масло.
Црниот и зелениот пипер поттикнуваат создавање на дигестивни ензими во панкреасот со што се олеснува варењето на храната, ја подобрува циркулацијата, благотворно делува на импотенција и фригидност, ги ублажува ревматоидните и артритичните болки, како и грчеви во мускулите.
Маслото од црн пипер може да се употреби кај болки во зглобови, но е подеднакво добро и за лекување на акни, затегнување на кожата и проблеми со целулитот.
Зелениот пипер го поттикнува организмот на подобра апсорпција на витаминот Б – бета каротен и останати хранливи состојки. Во својот состав има фитохемикалии кои делуваат како антиоксиданс.
Исто така, со негова помош долготрајно се задржува водата во организмот и го поттикнува организмот на потење.
Зелениот пипер е средство за слабеење
Најновите истражувања докажаа дека зелениот пипер ги симнува килограмите и помага на патот до виткоста и тенка половина. Излачувањето на желудочните сокови и ензими ја забрзува дигестијата.
Зелениот пипер делува најсилно од сите останати пипери, бидејќи во него се состојат голема количина од етерични масла кои успешно ги топат длабоките масти, па поради оваа своја особина, зелениот пипер е честа состојка во препаратите за елиминирање на целулитот.
РЕЦЕПТИ:
Доколку имате проблеми со дигестијата, пробајте го следниот рецепт:
-прелијте 3 грама плодови пипер со 150 мл зовриена вода, додадете малку мента за вкус, поклопете и оставете да отстои 10-тина минути. Процедете и пијте го напитокот 2-3 пати дневно.
Белиот пипер помага за подобро искашлување
-Во чајна лажичка природен мед од багрем додадете прстофат бел пипер и јадете го 2-3 пати дневно во следните 4 денови. Ова го олеснува искашлувањето.
Масло од црн пипер против ревматски тегоби
-Етеричното масло од црн пипер намачкано на дел од телото кој ве боли, ги ублажува артритичните болки. Втријте го маслото на болните места два до трипати дневно.
Предупредување: Кога станува збор за бел, црвен, црн и зелен пипер, колку и да ги сакате и цените, водете сметка со консумацијата и не претерувајте со количините.